1 COSMO Mermeri & Graniti Wholesale NFL/NHL/MLB/NBA/NCAA Jerseys
 
 

За Компанијата

Космо мермери и гранити е лидер на Македонскиот пазар во понуда на првокласни, ексклузивни и ретки мермери и гранити од најегзотичните наоѓалишта во светот.

Нашата компанија е основана 1990 година како семејна фирма од страна на г-н Велибор Антиќ, кој е со претходно 30 годишно стручно искуство во областа на украсниот камен (мермери и гранити) и долгогодишен извозник и промотер во целиот свет на белиот прилепски мермер „Сивец“ за чија афирмација во светот има голема заслуга и признание. Космо изработува високо квалитетни финални производи за уредување и украсување на Вашите амбиенти. Опремени сме со најсовремени и најреномирани италијански машини за сечење и обработување на мермери и гранити, а нашиот искусен тим ќе излезе во пресрет на Вашите желби и замисли како да го облагородите Вашиот животен и деловен простор со украсен камен.

Спремни сме секогаш да понудиме нешто ново и ексклузивно на пазарот изработено со висок квалитет кој ќе ги задоволи и нашите најпребирливи клиенти. Нашето најголемо задоволство е растечкиот број на задоволни клиенти со кои ја делиме убавината на украсниот камен. Таа убавина произлегува од природата, а нашата мисија е да ги украсиме Вашите домови и деловни објекти со оваа природна убавина.


Портфолио

Нашите мермери и гранити се вградени во многу домови, резиденции, канцеларии, ресторани, кафулиња, хотели, фасади и др. во Скопје и Македонија.

  • Хотел „Холидеј Инн“ - Скопје
  • „ТЦЦ Плаца“ (Беко) - Скопје
  • Зграда „Грација“ (Фасада/Скали) - Скопје
  • Ресторан „Воденица“ (Вински Клуб) - Скопје
  • Ресторан „Венето“ - Скопје
  • Хотел „Карпош“ (Пултови во Купатила) - Скопје
  • Резиденција на Шведска Амбасада - Скопје
  • Делови во Американска Амбасада - Скопје
  • Управна зграда „Рио Кафе“ - Скопје
  • Управна зграда „ЕАМ Конфекција“ - Штип
  • Објект „Хипериум“ - Скопје
  • Објект „Граве“ - Скопје
  • Ристиќева Палата - Скопје
  • Управна зграда „Детоил“ - Скопје
  • И многу други приватни резиденции, станбени згради и деловни објекти во
    Македонија.
Wholesale NFL/NHL/MLB/NBA/NCAA Jerseys for sale,where to buy cheap jerseys. 11