1 Почетна Wholesale NFL/NHL/MLB/NBA/NCAA Jerseys

Известување

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

 

Агенцијата за пошти, за извршување на своите надлежности, има потреба од релевантни и точни квалитативни и квантитативни податоци и информации од работењето на давателите на поштенски услуги. Една од обврските за сите поштенски оператори која и служи на  таа цел, е и обврската за носителите на Општи овластувања да обезбедат систем за континуирано следење и мерење на обемот на извршените поштенски услуги и за резултатите да достават шестмесечни писмени извештаи до Агенцијата. Извештаите[1] треба да содржат податоци за обемот и за приходите, вкупно и по видови на пратки и услуги, како и податоци за ефикасноста при доставата, односно за видот и обемот на рекламации од корисници. Не поднесувањето Извештај е прекршок кој се санкционира со глоба. 

Почнувајќи од 2016 година, Општите овластувања кои ги издава Агенцијата содржат прецизирана одредба за задолжително евидентирање на  услугите на дневна основа, соодветно документирање на препорачани услуги, вредносните услуги, експресните и услугите за пратки со лична достава.

Следејќи го развојот на поштенскиот пазар, потребите на корисниците и предизвиците со кои се соочуваат учесниците во оваа област од економскиот живот на државата, започнувајќи од 2019 година на ново лиценцираните оператори Агенцијата им наложи и обврска за задолжително евидентирање на податоци за идентификација на испраќачот по име/назив и адреса , за услугите за  поштенски пратки со откупнина. Последната обврска е во согласност со поштенските и другите позитивни законски прописи и политиките на државата во делот на даночната дисциплина, на  борбата против сивата економија, како и  спречувањето перење пари и приноси од недозволени активности.

Од напред наведените причини, а заради воедначување на обврските на поштенските компании и создавање фер конкуренција во секторот, Агенцијата за пошти ги задолжува сите носители на Општи овластувања кои работат во домашниот и меѓународниот поштенски сообраќај,  без оглед на датумот на издавање на дозволите, доследно да  ги извршуваат следните обврски:

  1. За задолжително пополнување на полињата со сите адресни податоци за испраќач и примач во  потврдите (адресниците) за услугите за препорачаните и пратки со означена вредност, во моментот на прием на пратките.
  2. За ажурно и уредно водење на евиденцијата за поштенските услуги од почеток до крај, на дневна основа, на начин со кој ќе се обезбеди интегритет на записите (електронски или на хартија).
  3. Евиденцијата за  услугите за препорачаните и за пратки со означена вредност, како и на дополнителните услуги за пратки со откупнина задолжително да ги содржи адресните податоци на примач и на испраќач (  име и презиме/назив за правни лица и нивни полни адреси).
  4. Документирање на препорачани услуги, вредносните услуги, експресните, како и на услугите за пратки со лична достава.
  5. Поштенската документација (адресници, доставни книги, дневни задолжувања на курири и слично) за услугите од т.2 да се чува најмалку 1 година сметано од завршување на доставата ( скенирани во електронска или во хартиена форма).
  6. Обврските за задолжително евидентирање и документирање не се однесуваат на поштенските услугите за обични писма кои се доставуваат во куќно поштенско сандаче.

 

Се задолжуваат давателите на поштенски услуги да постапуваат по напред наведените обврски веднаш, а најдоцна сметано од 01.11.2019 година.

По овој датум, Агенцијата ќе преземе активности за проверка и надзор над спроведувањето на обврските.

 

[1] Извештајот се поднесува на пропишан образец  https://www.ap.mk/ap.mk/licenci/formulari1

 

Печати Е-пошта

Работилница во рамките на твиниг проектот „Јакнење на капацитетите на Агенцијата за пошти во согласност со Поштенската директива на ЕУ“

 

Од 14-ти до 18-ти Октомври 2019 година, во просториите на Агенцијата за пошти се одржува работилница од 1. Компонента – Креирање на стратешки документи, која е дел од активностите кои се предвидени во рамките на Твининг проектотЈакнење на капацитетите на Агенцијата за пошти во согласност со Поштенската директива на ЕУ.

На истата се  разработуваат и се дискутираат теми од поштенската област,  односно за аналитичкото сметководство и нето трошок на УПУ, пристапот до мрежата и другата инфраструктура, поштенски оператори –режим на давање на дозволи и овластувања, за правата и обврските на корисниците, постапување со рекламации, инспекциски надзор и санкции, назначениот оператор за УПУ, национални регулаторни тела и филателија. Воедно, во насока на подобрување на македонската регулатива во поштенската област, се користат искуствата од  ЕУ и Шпанија кои се применливи во нашата земја и се во согласност со Поштенската директива.

Работилницата ја спроведуваат експерти од Министерство за транспорт и јавни работи на Шпанија и на истата учествуваат претставници од Агенцијата за пошти и Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија.

 

Печати Е-пошта

Работна средба на тема „Дигитална фискализација и сузбивање на даночната евазија во е- трговијата”

Работна средба на тема „Дигитална фискализација и сузбивање на даночната евазија во е- трговијата ”

Во организација на Министерството за финансии и Асоцијацијата за е-трговија на Македонија на 14.10.2019 год. се одржа тркалезна маса на тема „Дигитална фискализација и сузбивање на даночната евазија во е-трговијата”, со цел да се помогне во собирање на релевантни информации, сознанија и мислења од сите засегнати страни за сузбивање во делот на податоци и проценки околу големината и распространетоста на  евазија во областа на е-трговијата и расположливите ресурси на институциите за откривање и сузбивање на ваквиот облик на сивата економија.

"Со конкретни мерки ќе се адресира сивата економија во е-трговијата. Со скенирање на пратките и технолошко поврзување на електронските продавници со Управата за јавни приходи, ќе се подобри контролата во  дигиталната трговија. Исто така, ќе се отвори е-платформа на која граѓаните ќе можат да ги пријавуваат сите оние кои вршат нерегистрирана е-трговија". Ова беа дел од заклучоците на работната средба, на која присуствуваа министерката за финансии Нина Ангеловска, како и претставници на државни органи, комори, бизнис секторот и Асоцијацијата за е-трговија.

На работната средба учествуваше и директорката на Агенција за пошти – Билјана Аврамоска- Ѓореска, која истакна дека особено е  сензитивно прашањето за т.н. пратки со откупнина, кога нарачаната стока при доставата на пратката се плаќа во кеш. Овој придружен дел на поштенската достава на е-нарачките, кога цената за стоката во име на е-трговецот ја наплатува доставувачот, е недефинирана услуга која е надвор од рамките на поштенската регулатива. Оваа поштенска услуга на достава на пакети, со дополнителната откупнина, е најзастапениот вид во услугите за пакети во внатрешниот поштенски сообраќај. Оттаму интеграцијата на електронската трговија и доставата ја наметнува потребата и од појасна регулаторна рамка, инструменти и механизми во неколку детектирани пункта, рамка и инструменти кои ќе создадат фер пазарни услови, меѓу останатите и такви со кои на е-трговците и/или е-платформите ќе им се наметне обврска за објавување на јасна политика за достава.

 

Печати Е-пошта

Wholesale NFL/NHL/MLB/NBA/NCAA Jerseys for sale,where to buy cheap jerseys. 11