Влијанието на ФЕД и ЕЦБ на движењето на девизниот курс- списание Економија и Бизнис

Владимир Трајковиќ

Одлуките на централни банки на најголемите земји во светот (кои како такви имаат ефект врз глобалната економија) во однос на поставувањето на висината на основните каматни стапки суштински влијаат пред се на цените на државните хартии од вредност и следствено и на цените на најтргуваните светски валути.
Управувањето со основните каматни стапки претставува еден од најзначајните инструменти на монетарната политика на централните банки во светот. Централните банки сублимирајќи ги анализираните податоците за финансиските и макроекономските текови, пред се на локалните пазари, и ставајќи ги истите во корелација со стратешките цели, носат одлуки за висината на основната каматна стапка на редовна основа, според однапред утврден календар.
Во фокусот на развиените светки економии и особено на економиите во развој, покрај домашните централни банки, секогаш со големо внимание се следат и одлуките на Американскиот ФЕД и европската централна банка ЕЦБ.
Последното намалување на каматната стапка на федералните фондови (federal funds rate) од минатиот месец за 25 базични поени (прво после 2008 година) донекаде беше очекувано имајќи ги во предвид претходните најави од самиот ФЕД но и притисокот кој Претседателот Трамп постојано го врши врз Федералните Резерви.

Continue reading “Влијанието на ФЕД и ЕЦБ на движењето на девизниот курс- списание Економија и Бизнис”

Каде се наоѓаат новите можности за инвестирање- списание Економија и Бизнис

автор: Снежана Поповска

Неодамна присуствував на еден настан за кој се зборуваше за нови инвестициски можности и предизвици. Сите бевме согласни дека сега е времето на “Милениумците” и дека треба да се осврнеме кон развивање на новите финтек компании. Но, тоа што не го спомнавме, а сакам да го споделам со Вас бидејќи се подеднакво важни, се таканаречените “Зелени компании”. Зошто баш нив?

Број еден фактор што ги загрижува луѓето во светот е глобалното затоплување и климатските промени кои се  предизвикани од емисиите на јаглерод диоксид и т.н. стакленички гасови во атмосферата. Зголеменото присуство на овие гасови резултира со глобално покачување на температурите кое би имало бројни негативни ефекти и непоправливи штети врз животната средина. Според Светската метеоролошка организација на Обединетите нации проекциите за порастот на глобалните температури се од 3 до 5 степени целзиусови што го надминува глобалниот таргет за ограничување на пораст на температурите до 2 степени целзиусови. Како последица на глобалното запотолување се: пораст на температурите, топење на мразот на поларните делови од планетата Земја, временски непогоди, поплави, зголемен број на суши и пожари, влијание врз здравјето на луѓето, изумирање на животински видови. Сега јавноста станува се повеќе свесна за овој проблем. Глобалното затоплување е се поважна тема и помеѓу владите во светот, а многу компании се обидуваат да станат еколошки посвени или “зелени” компании.

Continue reading “Каде се наоѓаат новите можности за инвестирање- списание Економија и Бизнис”

Crowdfunding презентација- Македонска Берза & АЦИ Македонија

 

Почитувани колеги и АЦИ пријатели,

На 12.09.2019 во организација на Македонска Берза и АЦИ Македонија во просториите на Македонска Берза на хартии од вредност со почеток во 15.00 часот ќе се одржи презентација на платформата Funderbeam чија  намена е crowdfunding финансирање. Овој тип на финансирање (прибирање на капитал) на компаниите е еден вид на иновација, и е релативно нов во светот, но станува се поактуелен , поинтересен и добива на обем, пред се поради едноставноста,флексибилноста и можностите кои ги отвора.

 Ќе ни биде чест да ни бидете гости на презентацијата, влезот е слободен.

 

Агендата на настанот