1 Израел - Далечни патувања 2019 | Туристичка Агенција Атлас - Скопје Wholesale NFL/NHL/MLB/NBA/NCAA Jerseys s Израел - Далечни патувања 2019 | Туристичка Агенција Атлас - Скопје Wholesale NFL/NHL/MLB/NBA/NCAA Jerseys
ЦЕЛОСНА ПОНУДА

ИЗРАЕЛ

17.11 - 24.11.2019
Израел

   
1. Ден 17.11.2019 (Недела)
   
Поаѓање од Скопје во договорено време кон аеродромот во Солун. Лет Солун - Тел Авив во 15:25 часот. Пристигнување во Тел Авив 17:50 часот, по царинските формалности. Трансфер до хотелот, сместување и слободно време за одмор.
2. Ден 18.11.2019 (Понеделник)
   
По појадокот состанок со локалниот водич и разглед на Витлеем – градот на кралот. Витлеем е мал бел град во кој бил роден Исус. Во превод името на Витлеем значи “куќата на лебот”. Тука на маргините на универзумот, во топлите мали штали се роди Спасителот, поради тоа што, светото семејство не можеше да најде сместување на друго место. Тука тројцата кралеви дојдоа да го поздрават кралот на универзумот и прв пат мудреците го видоа Спасителот на светот. На плоштадот во Витлеем се наоѓа големата црква на Рождеството, која ќе ја посетиме и каде ќе присуствуваме на Света литургија. Посета на Манастирот на Светиот Крст, Прастар грузиски манастир - местото каде според легендата расте тројно дрво, од кое покасно е направен крстот за распетието. Посета на Еин Карем родното место на Свети Јован, еден од најубавите делови на Ерусалим со голем број на манастири. Еден од нив е Францисканскиот манастир каде се наоѓа изворот на Свети Јован крстител. Овде ќе имаме можност да се осветиме во светата вода. Враќање во хотел. Вечера.
3. Ден 19.11.2019 (Вторник)
   
Појадок. Посета на Гетсиманската градина, посета на базиликата на страдањето Xристово и Црквата на Вознесението на пресвета Богородица. Посета на стариот град на Ерусалим, кој е сместен во срцето на Ерусалим. Стариот град се смета за најсветото место според христијаните. Поделен е на четири дела: христијански, муслимански, еврејски и ерменски. Сите егзистираат заедно на простор од еден квадратен километар. Ќе одиме долж Via Dolorosa – тажниот пат на Исус до местото на неговото распнување... Од таму доаѓаме до храмот на Распетието, каде што се случил најважниот момент од христијанската историја - Воскресението на Спасителот. Посета на Гробот Христов, Голготата и каменот на Помазанието. Посета на планината Сион, собата на последната вечера, гробот на Кралот Давид и манастирот на Успението, Црквата на Вознесението (изградена на местото каде постоела куќата на Светиот Јован крстител, каде што Пресвета Богородица живеела по распнувањето на Исус), Еврејскиот кварт, улицата Кардо, сингогата Рамбам, Западниот зид. Вечера и ноќевање.
4. Ден 20.11.2019 (Среда)
   
Појадок и заминување од хотел. Посета на Вади Келт, Манастирот на Свети Ѓорѓи ХОЗЕВИТ, во јудејската пустина, Ерихо најстариот град на планетата и планината на искушувањето. Светата река Јордан. Посета на Mont Tavor - светото место на Светото преображение. Вечера и ноќевање.
5. Ден 21.11.2019 (Четврток)
   
По појадокот посета на црквата на Благовестието - импресивен споменик на христијанското наследство. Тука ќе се одржи празнична церемонија посветена на денот на светото Благовестие. Посета на Назарет, кој е познат во светот како градот каде живеела светата фамилија: Мaрија, Јозеф и бебето Исус. Тоа е место за аџилак за христијани од сите страни на светот. Некогаш Назарет било мало село, а сега е најголемиот арапски град, со христијанско и муслиманско население. Посета на Кана Галилејска - црквата посветена на чудата на Исус, каде по стариот пат еднаш Пресвета Богородица и нејзиниот Син присуствувале на свадбата во Кана, каде се одиграло едно од чудата. Посета на езерото Кинарет, кое од дамнешни времиња било сведок на големи драми. Езерото изобилува со риба која може да се дегустира во бројните ресторани на неговиот брег. Посета на Capernaum - наречен од апостолите како “неговиот град”, посета на синагогата која восхитува со својата импресивна големина со коринтски столбови и белиот ерусалимски камен. Посета на планината на Блажествата, ТАБХА, МАГДАЛА, ЈОРДАНИТИ.
6. Ден 22.11.2019 (Петок)
   
Појадок. Посета на Акра - темпларскиот град или познат како градот на првите витези Хоспиталери. Враќање во хотел во Акра. Ноќевање и вечера.
7. Ден 23.11.2019 (Сабота)
   
Појадок и заминување од хотел. Посета на Хаифа, Стела Марис и старата Јафа кој во стари времиња бил град освојуван од Александар Македонски, Ричард - лавовско срце и Наполеон. Посета на старото пристаниште, црквата на Свети Петар и фонтаната на Андромеда.
8. Ден 24.11.2019 (Недела)
   
По појадокот слободно време за повторна посета на Ерусалим и гробот Христов. Заминување од хотел и организиран трансфер до аеродром. Поаѓање кон Македонија. Лет од Тел Авив во 18:40 часот. Пристигнување во Солун 21:15 по грчко време. По царинските формалности трансфер кон Скопје.
 
Цена на аранжманот 930 ЕУР
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

• Авионски превоз на релација Солун-Тел Aвив-Солун.
• Организиран превоз Скопје – Солун – Скопје.
• Организиран трансфер од Аеродром до Хотелот во Тел Aвив и обратно.
• Сместување во хотел на база појадок и вечера.
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
• Вклучен чекиран багаж до 23 kg.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

• Аеродромски такси 56 ЕУР.
• Бакшиш за водичот и возачот 50 еур.
• Туристичка такса 4 евра на ден/ по лице (се плаќа во хотелот).
• Патничко – здравствено осигурување 300 денари.

Галерија

izrael izrael izrael izrael izrael izrael izrael izrael izrael izrael izrael izrael izrael izrael

Wholesale NFL/NHL/MLB/NBA/NCAA Jerseys for sale,where to buy cheap jerseys. 11