1 Аргентина, Бразил и Перу - Далечни патувања 2019 | Туристичка Агенција Атлас Wholesale NFL/NHL/MLB/NBA/NCAA Jerseys Аргентина, Бразил и Перу - Далечни патувања 2019 | Туристичка Агенција Атлас Wholesale NFL/NHL/MLB/NBA/NCAA Jerseys
ЦЕЛОСНА ПОНУДА

АРГЕНТИНА, БРАЗИЛ И ПЕРУ

Буенос Аирес, Водопадите Игуасу, Рио де Жанеиро, Лима, Куско, Мачу Пикчу, Сао Паоло
06.10-20.10.2019

Хотели во Аргентина, Бразил и Перу | Авионски превоз од Скопје со вклучени аеродромски такси | Трансфери | Екскурзии со локален водич | ПРЕТСТАВНИК од агенција за време на целото патување
БЕЗ ДОПОЛНИТЕЛНИ ТРОШОЦИ!!
Аргентина/Бразил
Во ритамот на танго и самба до мистериозната земја на Инките
Авантура во Латинска Америка
   
1 ден (недела 06.10.2019)
   Скопје - Истанбул

Состанок на групата во 18:55 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје. Полетување од Скопје кон Истанбул во 20:55 часот со авиокомпанијата Turkish Airlines. Слетување во Истанбул во 23:30 часот. (Авио компанијата обезбедува бесплатен хотел доколку разликата со поврзаниот лет е над 10 часа).

2 ден (понеделник 07.10.2019)
   Истанбул - Буенос Ариес

Полетуваење кон Буенос Аирес во 09:40 часот (директен лет со еден технички стоп во Сао Паоло со времетраење од 1 час). Пристигнување на меѓународниот аеродром Езејза во Буенос Аирес во 21:30 часот локално време. Добредојдовте во Аргентина! Пречек на аеродромот од страна на нашиот претставник во Буенос Аирес и трансфер до хотелот Rochester Hotel Classic 4* (или сличен). Сместување во хотел.  Ноќевање.

3 ден (вторник 08.10.2019)
   Буенос Ариес (Разглед на градот со локален водич | танго шоу)

Појадок во хотел. Состанок на групата во 08:45 часот во лобито на хотелот. Во 09:00 тргнувме кон организиран разглед (вклучен во цената/целодневен разглед) на јужниот и северниот дел на градот Буенос Аирес со локален водич на англиски јазик (превод од страна на претставникот на АтлантиС). Разгледот ќе започне со посета на квартот основан од италијанските емигранти, Ла Бока (La Boca) кој е познат по типичните шарени куќи, поплочени улици и големиот број на ресторани во кои можете да уживате во бројните претстави и маестралните танго изведби. Ќе имате можност да прошетате по улицата „Caminito“, позната како родното место на тангото. Пауза за фотографирање пред стадионот на еден од најпознатите локални фудбалски клубови „Boca Juniors“ - Estadio Alberto J. Armando. Другото име на стадионот е „La Bombonera“, а истиот е познат и по тоа што токму овде тренирал легендарниот фудбалер од минатото - Диего Марадона.
Следи посета на центарот на градот и плоштадот „Plaza de Mayo“, каде ќе можете да ја видите Претседателската зграда уште позната и како Розевата куќа. Тука е и модерната зграда на најголемата катедрала во земјата, а наспроти неа е една од малкуте зачувани градби од 18 век позната под името Кабилдо (Cabildo), каде некогаш бил сместен административен совет кој управувал со општината, а денес зградата се користи како музеј. Ќе поминеме по булеварот Мајо - „Avenida de Mayo“, кој ги "поврзува" законодавната и извршната власт на земјата. На едниот крај е Претседателството, а на другиот крај е Сенатот (Парламентот на земјата). Тука се наоѓа и познатата кафетерија Café Tortoni, која имa автентичен ентериер зачуван од средината на 19 век (нема да се застанува или прави паузa, можете да го посетите за време на вашето слободно време). Разгледот продолжува на север, кон Булеварот 9 - ти Јули (Avenida 9 de julio) кој претставува еден од најшироките булевари во светот. Тука се наоѓа и познатиот Обелиск (Obelisco de Buenos Aires), кој е симбол на основањето на градот. Застануваме во квартот Риколета (Recoleta), кој е еден од најпрестижните во градот,  познат по административните и станбените згради во француски стил и бројните музеи. Тука се наоѓаат и гробиштата Риколета, кои ќе ги посетиме, а претставуваат музеј на отворено.
Тука се погребани познати личности како Евита Перон, аргентински претседатели, локални уметници, добитници на Нобеловата награда, па дури и ќерката на Наполеон.
Разгледот завршува со предлог индивидуална посета на една од најубавите и уникатни згради во градот, книжарницата El Ateneo Grand Splendid. Оваа зграда првично била театар Teatro Grand Splendid и е изградена во 1919 година. Долги години зградата била празна, за конечно во 2000 г. да се отвори како книжарница. Ентериерот е зачуван, а некогашната сцена денес е кафуле, а ложите и балконите со раскошни орнаменти се претворени во полици за книги и места за читање.
Враќање во хотелот индивидуално и слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови организирана вечера и танго шоу во “Tango Porteño” (со доплата, вечера со вклучени пијалоци и часови по танго). Состанок на групата во 19:30 часот, во лобито на хотелот. По завршување на шоуто, враќање во хотелот со организиран трансфер. Ноќевање

4 ден (среда 09.10.2019)
   Буенос Аирес (Ранч Дон Силвано/ Estancia Don Silvano)

Појадок во хотел. По појадокот следува целодневна факултативна екскурзија (со доплата) до ранчот Дон Силвано (Don Silvano) во аргентинската пампа, земјата на гаучосите. Состанок на групата во 09:10 часот во лобито на хотелот. На овој излет заминуваме надвор од големиот град и ќе се запознаеме со навиките на аргентинските “каубои” - гаучоси додека шетаме низ една од најголемите светски рамници - аргентинската пампа. Од Буенос Аирес до ранчот Дон Силвано се патува околу 2 часа со попатна пауза за одмор и можност за шопинг на локални производи. Патувајќи кон ранчнот ќе поминеме низ северниот дел на градот каде ќе ја видиме скулптурата на цвет изработена од челик и алуминиум Floralis Genérica, во близина на Правниот факултет на локалниот универзитет. Металниот цвет е дизајниран да ги отвара своите листови наутро кога изгрева сонцето, а да ги затвора во вечерните часови кога заоѓа.
Ова го прави уникатен и претставува еден од симболите на градот. Тука е се наоѓа богатиот кварт Палермо во кои се сместени Јапонските градини како и ботаничката градина на Буенос Аирес. 
Пристигнуваме во ранчот Дон Силвано каде ќе нѐ пречекаат нашите домаќини со пијалок и “empanadas” (традиционални закуски од месо во тесто).

Следува слободно време за различни традиционални активности на ранчот, како: јавање коњ, возење на вагон, прошетка низ ранчот и др. Следува ручек со традиционални „asados“ или различни видови на месо печено на оган, колбаси и разни салати, домашни десерти и разни пијалоци (вклучени во цената) вклучувајќи го традиционалениот аргентински чај мате. За време на ручекот ќе имаме можност да уживаме во традиционалното шоу на локални танци и музика, а кон крајот на истиот во трки со коњи и демонстрација на вештините на гаучосите. Пакетот вклучува трансфер, локален водич на англиски и шпански јазик, богат ручек со пијалоци, трка со коњи, шоу програма. Враќање во хотел. Ноќевање.
5 ден (четврток 10.10.2019)
   Буенос Аирес – Порто Игуасу/Фоз до Игуасу – Водопади Игуасу

Во раните утрински часови (околу 03:00 часот) следува организиран траснфер до аеродромот во Буенос Аирес за внатрешен лет до Пуерто Игуазу во 05:45 часот. Слетување на аеродромот во Порто Игуасу во 07:40 часот локално време и транфер до хотелот Continental Inn 4*, Foz do Iguazu (или сличен) при што ја поминуваме границата помеѓу Аргентина и Бразил. Сместување во хотел. Во договорено време заминуваме кон водопадите Игуазу (Iguazú Falls) од Аргентинската страна, односно националниот парк Игуазу кој се наоѓа на 30 километри од хотелот (вклучено во цената со локален водич на англиски јазик). Овде се наоѓаат 80% од водопадите, а само 20% се наоѓаат од бразилска страна. Преку 275 водопади се создадени од двете реки Игуасу и Парана, а на неколку места водата паѓа дури од 82 метри. Просечната количина на вода што минува низ водопадите е 1500 м³ во секунда и варира од зависност од сезоната и водостојот на реките. Ќе прошетаме по туристичките патеки, од каде се откриваат неверојатни глетки кон водопадите и од каде ќе можеме да направиме прекрасни фотографии најубавите фотографии. До крајната точка на водопадите од ова страна, односно таканареченото Ѓаволско грло (Devil's Throat) се стигнува пеш по платформа која е во должина од 1100 метри. До истата води возот на националниот парк (вклучено во цената) кој може да го искористите доколку имате желба. Природната убавина на овој феномен од водопади никого не остава рамнодушен.
Слободно време за ручек (не е вклучен во цената) во многубројните угостителски објекти во паркот.
Дополнителна факултатива: Плoвeње во кристалните води на водопадите како дел од „Nautical adventures“ - морска авантура со брод (уплата и информации на лице место).
Во однапред договорено време се враќаме назад во хотелот. Во попладневните часови слободно време за индивидуални активности или уживање во содржините на хотелот. Ноќевање.

6 ден (петок 11.10.2019)
   Водопадите Игуасу од Бразилската страна – Рио де Жанеиро

Појадок во хотелот. По појадокот одјавување од хотелот до 09:00. Во 09:30 часот тргнуваме кон целодневна посета на водопадите Игуаси од бразлиската страна (вклучено во цената/локален водич на англиски јазик). Националниот парк од оваа страна е безмалку сличен на аргентинската половина на водопадите, но со една огромна предност: од овде ќе имате можност да ги видите 80% од водопадите кои припаѓаат на страната на Аргентина, но имаат неверојатен поглед од бразилската страна. Слободно време за прошетки по патеките на националниот парк, фотографии на водопадите, ручек во некој од угостителските објекти или уживање со ладен пијалок во природен амбиент и музика која ја создаваат припадниците на животинскиот свет овде. Следно на нашата агенда е посета на птичјиот парк кој се наоѓа веднаш до Националниот парк на водопадите Игуазу (влезницата е вклучена во цената). Птичјиот парк е дом на преку 1000 птици од различни краеви на Бразил. Се наоѓа во близина на националниот парк Игуасу и ќе ни овозможи одблизу да ги видиме различните видови на папагали, тукани, фламинга, најмалата птица во светот - колибри, како и многу други разнобојни претставници на птичјиот вид.

Дополнителна факултатива: Лет со хеликоптер над водопадите Игуазу (информации за достапност и цена на лице место).
Во предвечерните часови следува трансфер до аеродромот (Foz do Iguazu Airport) за лет до Рио Де Женеиро во 18:35 часот. Слетување во Рио Де Женеиро во 20:25 часот. Добредојдовте во Бразил! Пречек од страна на претставник на локалниот туроператор во Бразил и трансфер до едно од најпопуларните одмаралишта - Копакабана. Сместување во хотел на брегот на Атланскиот Океан – Augusto’s Rio Copa Hotel 4* (или сличен). Ноќевање.

8 ден (сабота 12.10.2019)
   Рио Де Женеиро (Планината Корковадо/Статуата на Исус Спасителот)

Појадок во хотел. Денешниот ден е предвиден за екскурзија до планината Корковадо. Состанок на групата во 08:40 часот, во лобито на хотелот. Полудневна екскурзија со времетраење од околу 6 часа (вклучена во цената/локален водич на англиски јазик).
Екскурзијата започнува со посета на планината Корковадо (Corcovado) на чиј врв се наоѓа една од најпознатите статуи во светот - статуата на Исус Спасителот. Статуата на Исус може да се види од сите точки во Рио Де Женеиро, а овој споменик кој важи за едно од новите Светски чуда е изграден по повод 100 годишнината од независноста на Бразил во 1931 година. До статуата се стигнува со жичара која поминува низ најголемата дождовна шума во во светот лоцирана на градска средина - националниот парк Тижука (Tijuca Forest) или по традиционален начин – по скали кои бројат 222. Слободно време од околу 1 час за фотографии и волшебен поглед на градот Рио.

Заминување од Корковадо кон најголемиот и најпознатиот стадион во Бразил – Маракана (The Maracanã - Estádio Jornalista Mário Filho). Пред реновирањето на стадионот, истиот имал капацитет за 100.000 гледачи, а по реновирањето во 2014 година, капацитетот е намален до 80.000 навивачи. Ќе имаме кратка пауза за фотографирање пред стадионот или влез во истиот доколку нема натпревар (влезницата изнесува околу 10 американски долари). Оние кои ќе купат влезница за влез во стадионот, ќе имаат можност да дознаат повеќе за историјата на Маракана и бразилскиот фудбал, посетувајќи го музејот на Маракана каде се изложени интересни факти и дел од опремата која се користела од страна на фудбалерите во текот на минатото (во склоп на стадионот се наоѓа кафе бар за кратко освежување за сите оние кои нема да бидат во стадионот). Денешниот разглед го завршуваме со посета на можеби најпознатата улица во Рио де Жанеиро – Самбодромо (Sambodromo) односно улицата на која се одржува познатиот бразилски карневал Рио. Нашиот локален водич ќе ја раскаже историјата за карневалот и учесниците кои е дел од популарните училишта за Самба во Рио. Оваа улица е со должина од 1 километар, на која од двете страни се наоѓаат трибини кои се наменети за посетителите на карневалот, а крајот на истата го краси споменикот кој е симбол на Бразил, а во форма на бразилски бикиниВраќање во хотелот околу 15:00 часот. Слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови следува факултативна вечера во бразилски ресторан и спектакуларно шоу - Платформа шоу - Rio by the night (не е вклучено во цената на аранжманот – цена подолу). Состанок на групата во 18:45 часот во лобито на хотелот и трансфер до ресторанот. Пред предвиденото шоу, со организиран трансфер се упатуваме до локален ресторан каде ќе имаме можност да пробаме најразлични специјалитети и видови на месо (пијалоците не се вклучени во цената). По завршувањето на вечерата следува бразилско шоу наречено Rio the Night. Овде, врвни професиналцни преку најразлични видови на танци со потекло од целата држава, ќе ја раскажат приказната за Бразил и каде ќе имаме можност барем за момент да се почуствуваме како дел од бразилскиот карвенал. По завршување на програмата, организирано враќање во хотел. Ноќевање.

9 ден (недела 13.10.2019)
   Рио Де Женеиро | Шеќерна глава

Појадок во хотел. Состанок на групата во 08:30 часот во лобито на хотелот и почеток на полудневен туристички разглед на Рио Де Женеиро со локален водич, со вклучена посета на втората најважна знаменитост во Рио - познатиот рид Шеќерната глава - Sugar Loaf (времетраење околу 4 часа, вклучено во цената на аранжманот). Поминувајќи низ тунелот Санта Барбара, ќе имаме можност да уживаме во панорамскиот разглед на централниот дел на градот при што ќе застанеме до неверојатното архитектонско чудо кое го краси Рио – Митрополитската Катедрала (Metropolitan Cathedral), изградена во еден сосема поинаков стил од оној на кој сме навикнати кога станува збор за христијанските објекти. Катедралата е со  дијаметар од 96 метри и висина од 80 метри. Дизајнирана од страна на Edgar de Oliveira da Fonseca, оваа катедрала во форма на пирамида била изградена во период од 1964 до 1979. По посетата на катердралата, продолжуваме со панорамскиот разглед на градот (со автобус) при што ќе поминеме покрај плоштадот Cinelândia Square каде се лоцирани многу исторски објекти меѓу кои и Општинскиот театар (Theatro Municipal e Cinelândia). Поминувајќи низ историскиот дел на градот (Branco Aveniue), ќе дознаеме нешто повеќе за учеството на Бразил во Втората Светска војна, како и за последните битки помеѓу португалците и французите, при тоа пристигнувајќи до населбата Урка (Urca neighborhood) каде е лоциран еден од најголемите симболи на градот Рио – Планината Шеќерна глава.
Планината е со висина од 395 m и од тука ќе имате можност да уживате во панорамскиот поглед на сите плажи во Рио и прекрасна глетка кон мостот кој ги поврзува Рио и Нитерој, точно на средината на заливот Гуанабара. Качувањето со лифт вклучува и една пауза на 220 метри височина на планината Урка, од каде ќе можете да ја фотографирате од близу Шеќерната глава. Спуштајќи се од Шеќерната глава, ќе имаме можност да го видиме и стариот централен дел на Рио де Жанеиро. Ќе поминеме покрај модерната катедрала Канделарија (Igreja da Candelária), ќе прошетаме покрај Националната галерија, градскиот театар, музејот - Museum of Tomorrow (Museu do Amanhã) посветен на чувањето на животната средина, како и многу други историски и модерни згради во срцето на градот, како и згради на кои локалните уметници ја искажуваат својата љубов кон ликовната уметност, притоа изработувајќи фасади на истите кои буквално го одземаат здивот. Организирано враќање во хотел околу 13:00 часот. Слободно време за инвивидуални активности на една од најпознатите плажи во светот. Ноќевање

10 ден (понеделник 14.10.2019)
   Рио Де Женеиро – Перу, Лима (панорамски разглед на Лима)

Рано одјавување од хотелот и трансфер до аеродромот во Рио за лет кон Лима, Перу во 06:15 часот. Слетување во Лима во 09:15 часот. Пречек на аеродромот во Лима од страна на локален претставник, при што следува организиран трансфер до хотелот Allpa Hotel & Suites 3* во Лима (или сличен). Сместување во хотелто и кратко освежување. Следува организиран панорамски разглед на градот Лима со локален водич на англиски јазик (вклучено во цената) и посета на стариот историски дел на градот, главниот плоштад (The Main Square), Палатата на правдата (The Justice Palace), плоштадот Сан Мартин (Plaza San Martin), Градската Палата (The Government Palace), палатата Torre Tagle (Torre Tagle Palace), железничката станица (Desamparados Station), базиликата на Сан Франциско (Basilica and Convent of San Francisco), како и модерните делови на градот, односно областа Сан Исидро (San Isidro District) и Мирафлорес (Miraflores District). Враќање во хотел. Ноќевање.

12 ден (вторник 15.10.2019)
   Перу – Куско
Појадок во хотел. По појадокот се одјавуваме од хотелот и со организиран трансфер се упатуваме кон аеродромот во Лима за внатрешен лет кон Куско, во 11:15 часот. Слетување во Куско (Cusco) во 12:35 часот при што следува трансфер до хотелот Hotel Suenos del Inka 3*, Cusco (или сличен). Сместување во хотел. Кратко време за одмор. Следува разглед на градот Куско со локален водич на англиски јазик, при што ќе имаме можност да го истражиме ова место кое се наоѓа во југоисточниот дел на Перу на надморска висина од 3300 метри, во близина на долината Урубамба на планинскиот масив Анди. Истирискиот главен град и центар на Империјата на Инките во 1983-та година станува дел од светското културно наследство на УНЕСКО. Овде ќе ја почуствуваме мешавина од културата на Инките и шпанското население, ќе го посетиме храмот на сонцето Кориканча (Coriracancha/ Qorikancha), катедралата (The Cathedral of Cusco), разни споменици и уникатни куќи на локалните жители, археолошкиот локалитет во Тамбомачау (Tambomachay, Puca Pucara) како и локалитетот Sacsayhuaman. Враќање во хотел. Ноќевање.
13 ден (среда 16.10.2019)
   Куско – Мачу Пикчу - Куско
Појадок во хотел. Денешниот ден е предвиден за посета на некогашниот град на Инкети, денес археолошко наоѓалиште – Мачу Пикчу (Machu Picchu). Трансфер од хотелот во претходно одредено време, до железничка станица каде што со воз се упатуваме кон Мачу Пикчу, притоа поминувајќи низ градот Агуас Калиентес (Aguas Calientes). Оттука патувањето го продолжуваме со автобус пристигнувајќи до светото место на Инките. Прошетка низ магичниот град Мачу Пукчу со локален водич на англиски јазик и пауза за ручек (вклучен во цената). Враќање назад кон хотелот во Куско. Ноќевање.
14 ден (четврток 17.10.2019)
   Куско – Лима – Сао Паоло

Појадок во хотел. Одјавување до хотелот и слободно време за индивидуални активности до времето предвидено за трансфер до аеродромот во Куско за лет кон Лима, во 18:02 часот. Слетување во Лима во 19:28 часот. Пријавување за летот од Лима кон Сао Паоло. Полетување кон Сао Паоло во 22:00 часот.

15 ден (петок 18.10.2019)
   Сао Паоло – панорамски разглед на градот

Слетување во најголемиот град на Бразил, Сао Паоло рано наутро во 05:35 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотел Transamerica Jardins 4*, Sao Paulo. Појадок во хотел. По појадокот следува слободно време за одмор и освежување во хотелот, се до времето предвидено за организиран разглед на градот Сао Паоло со локален водич на англиски јазик.. Овој град кој на португалски значи Св. Павле, освен најголем, го носи приматот и на најбогат град во Бразил и на престолнината Сао Паоло.

Се упатуваме кон центарот на градот, каде ќе ги видиме дел од знаменитостите на кои се симбол и белег на еволуцијата на градот низ вековите наназад. Ќе прошетаме низ бизнис областа на градот, најважниот финансиски центар на државата, а воедно и на Јужна Америка – Авенијата Паулиста (Paulista Avenue), ќе ја посетиме првата железничка станциа (Luz Station), музејот Пинакотека (Pinacoteca Museum), општинскиот театар, областа на слободата, каде е сконцентрирана најбројната јапонска популација надвор од Јапонија. Во однапред предвидено време следува организиран транасфер до аеродромот во Сао Паоло за лет кон Истанбул.

16 ден (сабота 19.10.2019)
   Сао Паоло – Истанбул

Полетување од Саи Паоло кон Истанбул во 03:10 часот. Слетување во Истанбул во 21:40 часот локално време. (Авио компанијата обезбедува бесплатен хотел доколку разликата со поврзаниот лет е над 10 часа).

17 ден (недела 20.10.2019)
   Истанбул - Скопје
Полетување од Истанбул кон Скопје во 07:50 часот. Слетување во Скопје во 08:25 часот.
 
ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА ПРВИТЕ 4 МЕСТА 3500€
РЕДОВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ДО ДВОКРЕВЕТНА СОБА 3700€
 
Во цената на аранжманот е вклучено:
• Авионски билет за секој лет според програмата, со вклучени аеродромски такси и багаж според политиката на авиокомпаниите;
• Транфер на релација аеродром-хотел-аеродром во Буенос Аирес, Аргентина;
• 3 ноќевања со појадок во хотел Rochester Classic 4* во центарот на Буенос Аирес 4* (или сличен);
• Панорамски разглед на градот Буенос Аирес;
• Трансфер на релација аеродром-хотел-аеродром во Игуасу;
• 1 ноќевање со појадок во хотел Continental Inn 4* (или сличен) во централното подрачје на Фоз до Игуасу;
• Целодневна екскурзија на водопадите Игуасу од аргентинска страна со вклучени влезници;
• Полудневна екскурзија на водопадите Игуасу од бразилска страна со вклучени влезници;
• Посета на Птичјиот парк од бразилска страна со вклучени влезници;
• Трансфер на релација аеродром-хотел-аеродром во Рио;
• 3 ноќевања со појадок во хотелот Augusto's Rio Copa Hotel 4* во Рио Де Женеиро на 150 метри од плажата Копакабана (или сличен);
• Полудневна екскурзија во Рио до планината Корковадо и статуата на Исус Спасителот - превоз со жичара (вклучени билети и влезници)
• Полудневна екскурзија во Рио со посета на ридот Шеќерната глава - превоз со лифт (кабинска жичара);
• Трансфер на релација аеродром-хотел-аеродром во Лима;
• 1 ноќевање со појадок во хотел Allpa Hotel & Suites 3* во Лима, Перу;
• Полудневен разглед на градот лима со локален водич;
• Трансфер на релација аеродром-хотел-аеродром во Куско, Перу;
• 2 ноќевања со појадок во хотел Suenos Del Inka 3* во Куско;
• Трансфер со воз и автобус на релација Куско-Мачу Пикчу-Куско;
• Посета на Мачу Пикчу со локален водич и вклучен ручек;
• Локални водии на англиски јазик за време на сите екскурзии во програмата;
• Придружник за време на целото патување.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Дополнителни факултативни излети;
• Индивидуални трошоци;
• Храна, пијалоци и услуги кои не се споменати во програмата;
• Задолжително патничко осигурување (информации во агенција);
• Бакшиши за возачи/водичи.
Потребни документи:
• Биометриска патна исправа со валидност минимум 6 месеци од датумот на враќање во матичната држава;
• 1000 € депозит во денарска противредност при резервација на аранжманот – неповратен во случај на отказ од страна на корисникот на услугата;
• Целосна доплата на аранжманот најдоцна до 06.09.2019
Дополнителни информации:
• Програмата на водопадите Игуасу се реализира во зависност од времето на летовите;
• Локалните водичи се на англиски јазик, а водичот од организаторот на патувањето преведува на македонски јазик;
• За патување во Бразил, Аргентина и Перу не е потребна дополнителна имунизација, како и претходно обезбедување на виза;
• За реализација на ова патување потребни се минимум 15 патници. Доколку не се исполни минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже патувањето или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети;
• Доколку програмата не се реализира патниците ќе бидат известени најдоцна 30 дена пред датумот предвиден за реализација.
Распоред на летови:
Број на лет Датум Полетување од Време на полетување Слетување во Време на слетување Времетрање на летот
TK1006 06.10.2019 Скопје 20:55 Истанбул 23:30 01:40
TK 15 07.10.2019 Истанбул 09:40 Буенос Аирес 21:30 18:10
AR 2714 10.10.2019 Буенос Аирес 05:45 Игуасу 07:40 01:55
G3 2076 11.10.2019 Игуасу 18:35 Рио 20:25 01:50
AV 920 14.10.2019 Рио 05:45 Лима 09:15 05:30
AV 837 15.10.2019 Лима 11:15 Куско 12:35 01:20
AV 830 17.10.2019 Куско 18:02 Лима 17:28 01:20
AV 917 17.10.2019 Лима 22:00 Сао Паоло 05:35+1 04:20
TK 16 19.10.2019 Сао Паоло 03:10 Истанбул 21:40 12:50
TK1003 20.10.2019 Истанбул 07:50 Скопје 08:25 01:30


Информации за багаж:

  • Turkish  Airlines | Скопје-Истанбул-Буенос Аирес/Сао Паоло-Истанбул-Скопје:
  • Рачен багаж до 8 килограми и максимални димензии 55x40x23cm;
  • Чекиран багаж до 23 килограми и максимални димензии до 158cm (сите 3 димензии).
  • Аerolineas Аrgentinas | Буенос Аирес-Игуасу:
  • Рачен багаж до 8 килограми и максимални димензии 55x40x20cm;
  • Чекиран багаж до 15 килограми и максимални димензии 158 (сите 3 димензии);
  • Доплата од 15 до 23 килограми: околу 20$ (доплата на аеродром).
  • Gol Airlines | Игуасу-Рио:
  • Рачен багаж до 8 килограми и максимални димензии 55x40x25cm;
  • Чекиран багаж до 23 килограми и максимални димензии до 158cm (сите 3 димензии).
  • Avianca Airlines | Рио-Лима-Куско-Лима-Сао Паоло
  • Рачен багаж до 8 килограми и максимални димензии 55x40x25cm;
  • Чекиран багаж до 23 килограми и максимални димензии до 158cm (сите 3 димензии).

Забелешки:

  • Цената на аранжманот е калкулирана по среден курс на aмериканскиот долар од 20.02.2019 и при промена на истиот за повеќе од 5% организаторот на патувањето го задржува правото за промена на цената;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на редоследот и времињата во програмата. Програмата како и редоследот на разгледи и посети се предмет на промени и во зависност од состојбата на терен и други објективни причини;
  • При лоши временски услови или други друга виша сила, организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата. Времето на полетување и слетување се предмет на потврда од авиокомпаниите;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот;
  • Дополнителните факултативни излети се резервираат и уплаќаат во матичната агенција.

 

Услови за отказ од страна на корисникот на услугата:

  • До 40 дена пред датумот на релизација - се задржува нeповратниот депозит од 1000 €;

од 39 дена до 0 дена пред датумот на реализација - 100% од цената на аранжманот

Општи информации:

  • Јужна Америка

За некого Рај помеѓу Карибите, Јужниот Пацифик и јужноатланскиот океан, Јужна Америка е континент преплавен со долга историја и пејсажи кои го одземаат здивот. Јужната хемисфера или јужниот дел на земјината полутопка е домот на еден од седумте континенти на планетата Земја. Јужна Америка опфаќа површина од 17,818,508 км2 и брои 355,070,540 жители, распрскани низ 12 држави (Аргентина, Боливија, Бразил, Венецуела, Гвајана, Еквадор, Колумбија, Парагвај, Перу, Суринам, Уругвај, Чиле, Француска Гвајана).
Колумбија, Парагвај, Перу, Суринам, Уругвај, Чиле, Француска Гвајана). Овој континент изобилува со голем број на природни атракции како: најголемата дождовна шума во светот и најголемата река (Амазон), највисокиот планински венец надвор од Азија (Андите), островите (Галапагос, Велигденските Острови и Фернандо де Норонха), преубави плажи (особено во североисточниот регион на Бразил), широки пустини (Атакама), ледени пејзажи (Patagonia & Tierra del Fuego), највисокиот водопад во светот (979m Angel Falls, во Венецуела) и еден од најголемите Игуасу водопади лоциран на границата помеѓу Аргентина и Бразил. Свој белег овде оставиле и луѓето преку древните руини (Мачу Пикчу и другите градови на Инките, Моаи на островот Велигден) до метрополи од светска класа (Сао Паоло, Буенос Аирес, Богота, Каракас, Сантијаго, Лима и Рио де Жанеиро), извонредна модерна и европска архитектура (Бразилија, Буенос Аирес) и шармантни градови изградени во Андите (Каракас, Меделин, Кито, Сантијаго де Чиле). Силното афричко наследство (во Салвадор, Рио и Монтевидео) со својата домородна култура (Белем, Манаус, Куско, Лима, Ла Паз) и влијанието на Истокот (огромната јапонска заедница во Сао Паоло) се мешаат со отпечатоците од иберанските колонизатори. Градот Ушуаја (најјужниот град во светот) и легендарните настани од овој крај на светот -  карневалот во Рио и Беримовата Цирио де Назаре, Светското првенство во Танго и фестивалот Вендемија во Аргентина, само ја надополнуваат листата на тоа што овој неверојатно разновиден и атрактивен континент има да го понуди.

  • Аргентина

Динамична и интензивна, Аргентина заведува со својот уличен танго танц, вкусна храна, фудбал, гаучо култура и моќните Анди. Со два збора - коктел од убавини. Сместена помеѓу Андите на запад и Атланскиот океан на Исток, Аргентина го добива името од латинскиот збор Argentum, што значи сребро, а првите кои го употребиле истоимениот збор се шпанските и аргентинските колонизатори во 16-от век.

  • Буенос Аирес

Главен и најголем град на оваа грандиозна држава е Буенос Аирес (Buenos Aires), кој се протега по десниот брег на реката Ла Плата, при нејзиното влевање во Атлантискиот Океан.
Модерна метропола која плени со својата улична и култура на живот. Кога велиме улична култура алудираме на танцот и љубовта кои локалните жители ја презентираат буквално во секое населено место во градот.
Од родното место на тангото (улицата Caminito), квартот на италијански мигранти - La Boca, па се до “фудбалскиот дом” на легендарниот Диего Марадона, овде е раскажана приказната за Буенос Аирес. Долга е историјата на овој град, а влијанието на шпанците во 1776 година и британците во 1806 оставило белег засекогаш, но притоа правејќи го еден од највлијателните градови во нивните кралства. 
Денес, градот претставува еден од водечко економските градови во Јужна Америка, а присуството на туристи од ден на ден постојано се зголемува. Авенијата 9ти Јули (9 de Julio Avenue), Женскиот мост (Women's Bridge), споменикот Обеликс (Obelisco de Buenos Aires) се само дел од знаменитостите кои се мотив за посетителите.

  • Национален парк Игуасу – Водопадите Игуасу

Во близина на градот Куритиба се наоѓа изворот на реката Игуасу која поминува низ двете најголеми држави на Јужна Америка, Бразил и Аргентина. Поголемиот дел од реката тече низ државата Бразил, а нејзината вкупна должина изнесува 1,320 километри. Во својот слив со реката Сан Антонио, реката Игуасу ја формира границата помеѓу Бразил и Аргентина. Оваа река ја красат повеќе од 250 водопади и упади кои варираат од 60 до 82 метри и го носат нејзиното име, Игуасу. Водопадите се мотив за посета на милиони туристи ширум светот, а брзо и лесно достапни преку двата аеродроми кои се во близина на истите: Бразилскиот меѓународен аеродром Фоз до Игуасу (IGU) и Аргентинскиот меѓународен аеродром Катаратас дел Игуасу (IGR). Водопадите Игуасу се единствени по тоа што можете да ги набљудувате од двете соседни држави, Аргентина и Бразил. Убавината на водопадите е заштитена од Национален парк Игуасу (Аргентина) и Национален парк Игуасу (Бразил). Двата парка се одредени од УНЕСКО како Локации од светското наследство, едниот во 1984, а другиот во 1987 година.

 

  • Бразил

Држава со големина колку половина континент (Јужна Америка), самба, карневал, фудбал, прекрасни и долги песочни плажи, планини, реки, споменици на природата, споменици заштитени од УНЕСКО, се само дел од зборовите кои ќе Ве асоцираат само на една држава – Бразил. Бразил е петтата по големина држава во светот (по Русија, Канада, Кина и САД) и трета по големина во Америка. Главен град на државата е Бразилија, а најнаселен (околу 11 милиони жители) е Сао Паоло. Вториот е поставен на туристичката мапа на светот, но сепак целото внимание е насочено кон Рио де Женеиро.

  • Рио де Жанеиро

Рио де Женеиор или често нарекуван само Рио, е град на истоимената држава кој е воедно втор по големина во Бразил, а трета метропола во Јужна Америка, со вкупна бројка на жители во неговата внатрешност од 6 милиони. Рио е најпосетуваниот град во јужната хемисфера и познат по неговите природни опкружувања, славењето на карневалите, самбата, ритамот на Боса Нова и плажите Бара де Тихука, Копакабана, Ипанема и Леблон. Во прилог на плажите е најпознатата знаменитост овде - статуата на Исус Спасителот ('Cristo Redentor'), лоцирана на врвот на планината Корковадо и дел од Новите Седум Чуда на Светот. Понудата ја надополнуваат Шеќерната Глава, областа Самбадроме (во која се стационирани повеќе училишта за самба танц и која се користи како авенија за времетраење на карневалот) како и Стадионот Маракана, кој сеуште е еден од најголемите фудбалски стадиони во светот. Сите овие се наоѓаат во различните зони на градот, кои се поделени на: Централна зона (Centro), Zona Sul (Јужна Зона), Северна Зона ( Zona Norte), Југозападна зона, Западна Зона (Zona Oeste).

  • Перу

Република Перу е незавизна држава која го краси западниот дел на Јужна Америка. Некогашната најголема држава на овој континент (пред колонизацијата) претставувала дома на една од најстарите цивилизации во светот – Империјата на Инките. Населението на Перу брои 28 милиони луѓе и е мултиетничко општество, со значаен број на староседелско население, европски доселеници, африканско население и азијци. Доминантниот јазик во државата е шпанскиот, иако голема е застапеноста на кечуански, ајмарски и останати староседелски јазици.

  • Лима

Најголемиот град на Перу го носи името Лима. Град кој е лоциран во долината на реките Чилон, Римак и Лурин, со поглед кон Тихиот океан. Петтиот најголем град во Латинска (Јужна) Америка играл значајна улога во минатато на овој континент, како и највлијателниот град во шпанското Поткралство Перу.

  • Мачу Пикчу

Преведен на качуански јазик како “Стара планина”, Мачу Пикчу е претколумбовски град на Инките, лоциран на 2430 метри надморска височина на планинскиот венец  - Анди. Овој град некогаш именуван како “изгубениот град на Инките” претсавува најпознатиот симбол на нивната некогашна империја. Истите започнале со негова изградба околу 1400-тата година, напуштајќи го еден век подоцна. На туристичката мапа, Мачу Пикчу се појавува по 1911-та година, кога американскиот историчар Хирман Бигман го претставува овој неверојатен град на светот.

Факултативни екскурзии:

  • Вечера со танго шоу во “Tango Porteno” -  Аргентина 

Незаборавен спектакл со најсензуалниот танц - танго. Овој спектакл се одржува во ресторанот - театар „Tango Porteno“. Вечерата е на мени со вклучени пијалоци. Шоу програмата вклучува танго изведба во различни варијанти. Ќе имаме прилика да видиме различни видови на танго кои се менувале со текот на времето и ќе ја почуствуваме моќната емоција која ја пренесува овој танц. Вечерата започнува во 21:00 часот. Шоуто започнува во 22:30 часот, а завршува околу 00:00 часот. Вклучува приватен трансфер, водич, вечера со вклучени пијалоци, богата шоу програма и часови по танго. Времетраење околу 4 часа.
Цена по лице: 90€  (минимум 10 пријавени патници)

  • Целодневна екскурзија до Ранчот Дон Силвано (Estancia Don Silvano Gaucha), Аргентина

Во aргентинската пампа, земја на гаучосите. На овој излет ќе излеземе надвор од големиот град и ќе се запознаеме со навиките на аргентинските “каубои” - гаучоси, додека шетаме низ една од најголемите светски рамници - аргентинската пампа. Од Буенос Аирес до ранчот Дон Силвано се патува околу 100 километри. Тука ќе нѐ пречекаат нашите домаќини со пијалок и “empanadas” (традиционални закуски од месо во тесто). Потоа следи слободно време за различни традиционални активности на ранчот, како: јавање коњ, возење на вагон, прошетка низ ранчот и др. Следува ручек со традиционални „asados“ или различни видови на месо печено на оган, колбаси и разни салати, домашни десерти и разни пијалоци (вклучени во цената), како и традиционалниот аргентински пијалок - мате. За време на ручекот ќе имаме можност да уживаме во традиционалното шоу на локални танци и музика, а кон крајот на истиот да уживаме во трките со коњи и демонстрација на вештините на гаучосите. Вклучува трансфер со автобус, локален водич (на англиски), богат ручек, пијалоци, трка на коњи, шоу програма. Времетраење околу 8 часа.
Цена по лице: 150€ (минимум 10 пријавени патници). 

  • “Rio by the night” – Вечера во Бразилски ресторант и незаборавно шоу 

Трансфер од хотелот до ресторанот со автобус каде ќе имаме можност да пробаме бразилски специјалитети, вклучувајќи најразлични типови на месо (пијалоците се наплаќаат дополнително). По вечера се упатуваме во салата Plataforma, каде група на професионални танчери ќе ни ја долови историјата на Бразил преку шоу во 2 часа. Ќе ги видиме различните периоди низ кој поминувал Бразил - од основањето на земјата па се до денес, претставени во колоритни костуми, ритмичка музика и неверојатно расположение. На крајот на шоуто ќе ве освои ритамот на самбата доловен од прекрасните танчери со кои ќе имаме можност да се фотографираме и забавуваме. Вклучува трансфер, водич, вечера (без вклучени пијалоци), шоу спектакл. Времетраење околу 5 часа.
Цена по лице: 90 € (минимум 10 пријавени патници). 

Забелешка: Дополнителните факултативни излети се резервираат и уплаќаат во агенцијата при проследување на резервацијата. Наведените цени, времетраењето и заминување за дополнителните факултативи се ориентациони и предмет на промена.

Галерија


Wholesale NFL/NHL/MLB/NBA/NCAA Jerseys for sale,where to buy cheap jerseys. 11