1 Агенција за супервизија на осигурување (АСО) Wholesale NFL/NHL/MLB/NBA/NCAA Jerseys
Последната промена е направена на:
11 ноември 2019 во 13:16 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Агенција за супервизија на осигурување, Министерство за финансии и Народната банка ги доделија наградите по повод деновите на штедењето и осигурувањето: Преку финансиска едукација до посилна економија
Понеделник, 11 Ноември 2019 13:16

Преку подобрување на финансиската писменост кај граѓаните се овозможува тие да носат поефективни одлуки за личните финансии, што пак влијае на економијата во целост – затоа е потребно уште од најмала возраст децата финансиски да се едуцираат. Ова беше истакнато на доделувањето на наградите по повод традиционалниот конкурс за ликовни и литературни творби по повод Светскиот ден на штедењето и Денот на осигурувањето, кој го распишаа Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), Министерството за финансии и Народната банка.

На настанот кој се одржа во Министерството за финансии присуствуваа министерката за финансии, Нина Ангеловска, претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, Климе Попоски и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), Климе Попоски, истакна дека раната финансиска едукација претставува клучен фактор за долгорочен развој и стабилност на финансискиот систем во една земја. Истражувањата во развиените земји покажуваат висок степен на корелација помеѓу финансиска едукација и писменост и благосостојбата на населението.

Попоски рече дека АСО како регулатор на пазарот на осигурување години наназад презема многубројни активности на полето на финансиската едукација меѓу кои и издавање корисни брошури и памфлети, друштвени игри за помладите од кои учат за ризиците и управувањето со нив, како и организирање редовни предавања во основните и средните училишта. До крајот на оваа година ќе биде промовиран интерактивен портал со цел граѓаните да се едуцираат и зајакне свесноста од опасностите од постоење на ризици и потребата за осигурување како инструмент за заштите од потенцијални финансиски загуби.

Министерката за финансии, Нина Ангеловска посочи дека анализите покажуваат дека кај развиените економии финансиската писменост е два до трипати повисока во однос на финансиската писменост кај економиите во развој. Таа истакна дека во време на широка понуда на финансиски инструменти и услуги, граѓаните треба да бидат финансиски едуцирани за да можат да ги носат вистинските одлуки.

„Кај нас, последното мерење кое го направи агенцијата ГФК, покажа дека финансиската писменост на населението има многу простор да се подобрува преку финансиската едукација. Потребно е да се засили финансиската едукација и тоа за сите возрасти со цел – прво да ги ползуваат бенефитите, второ да се засилат механизмите за самозаштита кај самите потрошувачи, врз основа на личното знаење да прават вистинска проценка. Унапредувањето на финансиската писменост е важно за да можат кога зборуваме за кревање на фискална транспарентност, да можат тие податоци да ги разберат, со тоа да го формираат јавното мислење и да вршат и подобрување и притисок кон институциите, за сите заедно да се подобруваме - рече министерката Ангеловска.

„Во изминатиот период и ние како централна банка интензивно вложуваме во сферата на финансиската едукација, а од годинава и во поттикнувањето на финансиската инклузија. Имајќи предвид дека анкетните истражувања покажуваат релативно пониска писменост кај помладите, односно дека само 40% од младите на возраст од  18 до 24 години располагаат со минимум потребни финансиски познавања, голем дел од нашите активности се фокусирани на помладата популација“ – истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.

Таа и соопшти дека активно се работи на првата наша Национална стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, којашто се очекува да биде донесена следната година. Во неа ќе бидат вградени сето стекнато искуство изминатите години, препораките на релевантните меѓународни институции и организации и најдобрите практики во оваа сфера.

Инаку, конкурсот за литературни и ликовни творби на ученици по повод Светскиот ден на штедењето и Денот на осигурувањето, веќе е традиционален. Годинава, на конкурсот се пријавија над 1000 ученици од основните и средните училишта од целата земја, додека наградени беа 18, а пофалени 32 ученици. Целта на конкурсот е преку креативно учење и изразување да се засилат знаењата на учениците во областа на штедењето и осигурувањето.

 
Наградени ученици на Конкурсот за ученици од основното и средното образование по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври и Денот на осигурувањето ‒ 1 ноември
Петок, 01 Ноември 2019 14:23
Во врска со наведениот конкурс, подолу го објавуваме списокот на наградени ученици, по одделни категории. Добивме голем број трудови и во оваа прилика им благодариме на сите што учествуваа, а на наградените им честитаме. Јавното доделување на наградите ќе се одржи на 9...
Повеќе...
 
Работилница на тема Директна обработка на штети од автоодговорност
Петок, 04 Октомври 2019 08:36
На 18.09.2019 година, во просториите на Стопанска Комора на Македонија, а во организација на Агенцијата за супервизија на осигурување, беше одржана Работилница на тема Директна обработка на штети од автоодговорност.



На работилницата присуствуваа претставници од сите 11...
Повеќе...
 
Финансиската стабилност и натаму ќе се зајакнува
Вторник, 01 Октомври 2019 08:41
Одржувањето на финансиската стабилност на земјата е приоритет. Финансиските регулатори постојано работат на унапредување на анализите и на следењето на системските ризици, согласно со највисоките меѓународни стандарди. Гувернерката на Народната банка, Анита...
Повеќе...
 
InsurHack Скопје 2019
Понеделник, 30 Септември 2019 08:57
На 28 и 29 Септември 2019 година во просториите на Стопанска Комора на Македонија, а во организација на Агенцијата за супервизија на осигурувањето се одржа првиот хакатон од областа на осигурувањето -  InsurHack Скопје 2019. На настанот настапија вкупно 16 учесници во 5...
Повеќе...
 
Конкурс за ученици од основното и средното образование по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври и Денот на осигурувањето ‒ 1 ноември
Понеделник, 07 Октомври 2019 11:23
Врз основа на Одлуката за објавување конкурс за ученици од основното и средното образование по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври и Денот на осигурувањето – 1 ноември и одобрување средства O. бр. 02-30505/1 од 3.10.2019 година, Народната банка на Република Северна...
Повеќе...
 
СООПШТЕНИЕ
Вторник, 01 Октомври 2019 08:42
  

На 28-ми и 29-ти септември во просториите на Стопанска Комора на Македонија во Скопје ќе се одржи InsurHack Skopje хакатонот посветен на осигурителната индустрија.

InsurHack Skopje е иницијатива на Агенцијата за Супервизија на Осигурување и Здружението на финансиски организации...
Повеќе...
 
Дигитализација во осигурувањето
Вторник, 01 Октомври 2019 07:55
Дигитализацијата се претставува како "четврта индустриска револуција" која брзо ги трансформира општествата и економиите. Брзината и обемот на промените веројатно се без преседан. Дигитализацијата има потенцијал силно да влијае врз речиси секоја индустрија, во секоја...
Повеќе...
 
Соопштение
Среда, 25 Септември 2019 09:37
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува сите лица кои се пријавиле за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник во осигурување односно учество на обука и полагање стручен испит за осигурителен брокер во септемвриската...
Повеќе...
 
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Страница 1 од 23

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување
Wholesale NFL/NHL/MLB/NBA/NCAA Jerseys for sale,where to buy cheap jerseys. 11