ЗА НАС

над

0

проекти

над

0

клиенти

0

застапништва

0

години

МАК АЛАРМ се грижи за вашата безбедност од 1991.

МАК АЛАРМ е меѓу првите компании кои што работат со техничко обезбедување во Македонија. Компанијата е основана во 1991 година со 100% сопствен капитал. МАК АЛАРМ од своето основање активно се грижи за безбедноста на своите клиенти нудејќи квалитетни и интегрирани решенија за техничка безбедност. Во оваа индустрија, еден пристап не одговара за сите клиенти, и затоа, за секој поединечен клиент изработуваме индивидуален и персонализиран план за безбедност кој вклучува дизајн, инсталација и одржување на широк спектар на системи. Решенијата кои ги нудиме и се однесуваат на: видеонадзор, сензори, технички мониторинг, аларми, автоматски рампи, централи, контрола на пристап, интегрирани системи, противпожарни системи, софтвери за анализи и мрежи.

Независно од изведувачите на деловните објекти/простории, МАК АЛАРМ може да понуди и елаборати за заштита од пожар согласно позитивните законски прописи во Република Македонија.

ЛИЦЕНЦИ/ISO СЕРТИФИКАТИ

Мак Аларм Сервис ги има соодветните лиценци, дозволи и сертификати за работа во индустријата и тоа:
1. Овластување за одржување и сервисирање на стабилни инсталации за откривање, јавување и гаснење на пожари и откривање на експлозивни смеси со број СГИ08107/2 издадена од Дирекција за заштита и спасување при Влада на Република Македонија.
2. Дозвола за вршење на приватно техничко обезбедување во вид на давање на услуги врз основа на приложена документација број 10.2-81571/3 издадена од Министерство за Внатрешни Работи на Република Македонија;
3. Решение од Републички Санитарен и Здравствен Инспекторат при Министерство за Здравство на Република Македонија број 13-30/33 со кое се одобрува монтажа, транспорт и сервисирање на јонизирачки јавувачи за пожар.
4. Во соработка со нашите деловни партнери од републиката, Мак Аларм може да понуди и лиценци А и Б за проектирање на градби и електрични инсталации од прва и втора категорија соодветно.

Мак Аларм е ISO сертифицирана компанија од страна на акредитационата куќа UKAS Quality Management (Office 047) со следните сертификати ISO 9001:2008, ISO 14001:2004 и ISO 18001:2007 кои се истечени во 2018 година и заради тоа моментално сме во процес на имплементација на следните ISO стандарди:

ISO 9001:2015, меѓународен стандард кој ги поставува барањата за ефективен систем за управување со квалитет;
ISO 14001:2015, меѓународен стандард кој ги специфицира барањата за ефективен систем за управување со животната средина (EMS);
ISO 45001:2018, меѓународен стандард кој ги специфицира барањата за ефективен систем за управување со здравјето и безбедноста на работното место (OH&S);
ISO 27001:2013, односно меѓународен стандард за ефективен систем за безбедно управување со информации (ISMS). ISMS е рамка на политики и процедури кои ги вклучуваат сите правни, физички и технички контроли вклучени во процесите на управување со информации на организацијата;
ISO 20000-1:2018, е меѓународен стандард со јасно дефинирани барања кои мора да се исполнат за да се потврди дека се исполнети минимум стандарди за најдобра практика во IT индустријата – сервисен менаџмент. ISO 20000 е базиран на ITIL и обезбедува ефективен и квалитетен систем за управување со IT услуги.

Имплементацијата на стандардите се спроведува од Јануари 2019 година во соработка со компанијата КонтролЦерт од Република Македонија, а официјалната сертификација се очекува во Мај 2019 година од акредитирано сертификационо тело StandCert d.o.o. од Република Србија.

ЗАСТАПНИШТВА

Долгогодишни партнерства со производителите на техничка опрема не направија застапници Argus Security од Италија, Schrack Seconet од Австрија, Partizan од Чешка, TDSi Access и Kentek Electronics од Велика Британија. Мак Аларм исто така има соработка со меѓународно почитуваните безбедносни брендови, вклучувајќи ги NSC (Германија), LST(Австрија), Texecom (САД), OZAK (Турција), Partizan (Велика Британија) итн.

ГРАНТОВИ

Мак Аларм е добитник на грант од страна на Фонд за иновации и технолошки развој за IT решение со работен наслов NovaPark.

Со цел да се понудат целосни и интегрирани решенија од хардвер и софтвер, МАК АЛАРМ разви стратешко партнерство со NOVACODE, компанија која се занимава со изработка на софтвер и која работи на развој на софтверско решение за контрола и наплата на паркинзи со вклучени модули за собирање информации и апликации за приказ на истите.

Софтверското решение “NovaРark” е комплетно решение за контрола и наплата на паркинзи како и собирање и прикажување на реални податоци од самите паркинзи, како бројот на слободни паркинг места, цената за паркирање од час, и статистички податоци за зафатеноста на паркинзите. Со изработката на ова софтверско решение се овозможува во реално време да се прегледаат слободните паркинг места на паркинзите кои ќе се поврзат на системот. Исто така, многу корисно за крајниот корисник ќе биде и плаќањето преку интернет за паркинг местото како и резервацијата на паркинг место преку мобилната апликација. Главната иновација е можноста крајниот корисник на мобилната апликација да отвори мапа со паркинзите во негова близина и да добие реални информации за цената на паркинг услугата за одредено паркинг место како и слободните паркинг места на одредени паркиралишта. Исто така голема придобивка е и резервирањето на паркинг место и можноста за плаќање на паркинг услугата преку мобилната апликација при што се генерира код на апликацијата со кој корисникот ќе го искористи правото на паркинг.

РЕФЕРЕНТНА ЛИСТА

Влада на Република Македонија

Собрание на Република Македонија

Министерство за Финансии на Република Македонија

Министерство за одбрана на Република Македонија

Министерство за Економија на Република Македонија

Министерство за Внатрешни работи на Република Македонија

Министерство за Правда на Република Македонија

Министерство за Култура на Република Македонија

Амбасада на Франција во Република Македонија

Амбасада на Велика Британија во Република Македонија

Народна банка на Република Македонија

Стопанска банка АД Скопје – главен деловен центар и 70 подружници

Комерцијална банка - главен деловен центар

Македонска банка - главен деловен центар и 36 подружници

Шпаркасе банка

Агенција за државни патишта

Клинички центар Мајка Тереза

Градски Трговски Центар

Фабрика за производство на лекови Македонија Лек

Хубо Маркет

Фабрика за производство на лекови Реплек

Скопски Саем

Макпетрол

Македонска берза

Фабрика за производство на производи од метал Технометал

Ветекс - Велес

Фабрика за производство на производи од жито Жито Вардар – Велес

Фабрика за производство на производи од жито Жито Лукс – Скопје

Европски Универзитет - Скопје и Охрид

Универзитет ФОН

Државна Болница - Прилеп

Агроплод - Ресен

Спомен Дом на културата - Битола и Тетово

Хотел Битола

Тутунски Комбинат Imperial Tobacco

Дирекција на Царина - Скопје

Т-мобиле Македонија

Основно Јавно Обвинителство на Република Македонија

ТАВ Аеродром Скопје

Хангари Аеродром Петровец

Хидроцентрала Брана Лисиче

Аџибадем Систина - Клиничка Болница

Музеј на Холокаустот на Република Македонија

Музеј на Македонската борба за државност и самостојност на Р. Македонија

Уставен Суд на Република Македонија

Државен архив на Република Македонија

Фабрика за производство на производи од месо - Пекабеско

Рамстор – шопинг центар и 21 супермаркет

Клиничка Болница 8-ми Септември

ЕВН Македонија - 25 објекти

Спортски центар Јане Сандански

АД МЕПСО Македонија - 4 објекти

Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Р. Македонија

Балкан Енерџи Груп

Агенција за Катастар на Република Македонија

Државен испитен центар

Фудбалска Академија на ФК Вардар

Универзитет Св. Кирил и Методиј - Ректорат

Стоп & Го - 5 објекти

ГРИЖА ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Врз основа на член 25, став 2, од Законот за управување со отпадот („Службен весник на Република Македонија“) бр. 68/2004 и 71/2004), МАК АЛАРМ генерира следен вид на отпад:

I. ОТПАД ОД ПАКУВАЊЕ, АПСОРБЕНТИ И ЗАШТИТНА ОБЛЕКА ШТО НЕ Е СПЕЦИФИЦИРАН ПОИНАКУ;
II. ОТПАД ОД ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА;
III. КОМУНАЛЕН ОТПАД.

Постапувањето со колективниот отпад од електрична опрема, батерии и акумулатори е доверено на компанијата НУЛА ОТПАД ДОО Скопје која е овластен и лиценциран колективен постапувач за управување со овој тип на отпад во име и за сметка на производителите. Во однос со постапувањето со отпад од пакување како и комуналниот отпад, МАК АЛАРМ се придржува до најстроги стандарди за рециклирање и има склучено договор за колективно постапување со компанијата ПАКОМАК, чија дејност е управување со ваков вид на отпад.