wholesale nfl jerseys |  wholesale jerseys |  cheap jerseys |  cheap nfl jerseys | 
cheap jerseys |  wholesale jerseys |  Wholesale jerseys |  Wholesale nfl jerseys |  cheap jerseys |  cheap jerseys wholesale |  Web SiteMap |  Cheap NFL Jerseys |  cheap nfl jerseys |  Web SiteMap |  Wholesale NHL Jerseys Online |  wholesale basketball jerseys |  wholesale baseball jerseys |  cheap hockey jerseys |  wholesale authentic nba jerseys |  replica jerseys from china |  cheap replica nba jerseys |  wholesale authentic nhl jerseys |  wholesale nfl jerseys |  WebSiteMap |  cheap authentic jerseys |  nfl jerseys wholesale |  Wholesale Replica Football Jerseys |  Cheap basketball jerseys |  china replica jerseys |  WebSiteMap |  cheap nba jerseys wholesale |  Cheap Authentic MLB Jerseys |  Bayern Munich Jerseys Black | 
Македонска верзија :: Почетна - Wholesale NFL/NHL/MLB/NBA/NCAA Jerseys


 

27 ГОДИНИ ОД ПОСТОЕЊЕТО И ДЕЛУВАЊЕТО НА ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ – 27 ГОДИНИ ПОПРАВЕДЕН СВЕТ ЗА ДЕЦАТА

Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ е најстара граѓанска организација во Република Македонија за заштита на правата на детето, основана на 29ти април 1992 година од страна на Гордана Пирковска Змијанац и Драги Змијанац. Меѓаши ги застапува и заштитува правата на децата, се залага за одговорно родителство и почит на детската личност. Меѓаши континуирано работи на зајакнување на граѓанското движење за правата на децата и функционалност од страна на институциите во најдобар интерес на детето. Амбасадата го промовира мировниот активизам и волонтерство, развивајќи активно граѓанство засновано на принципот на ненасилство.

Меѓаши со своите активности придонесе во развивањето и јакнењето на граѓанската свест за детските права. Taa го сруши молкот за детските страдања, особено за физичката, сексуалната и економската злоупотреба на децата, откривајќи во јавноста повеќе случаи на злоупотреби и директно ангажирајќи се за воспоставување поефикасни механизми за заштита на децата.

Како резултат на исклучително посветената и макотрпна работа, во текот на нејзниото 27 годишно постоење Меѓаши израсна во светски позната и призната организација за заштита на децата и воопшто детските права.

 

Во изминатиот период (1992-2019) Амбасадата ја остварува својата дејност делувајќи во следните сфери: психо-социјална, правна и др. видови поддршка на деца кои имаат потреба од помош со посебен акцент на маргинализирани групи деца; мониторинг на детските права и промоција на правата на детето во Република Македонија и пошироко; преземање иницијативи за унапредување на законската регулатива за заштита на децата во Република Македонија и нејзина имплементација и активности за градење на мирот и ненасилна разработка на конфликти. Овие домени остануват од примарен интерес и во наредниот период.



ПОЗИТИВНА ДИСЦИПЛИНА И ПОЗИТИВНО РОДИТЕЛСТВО/СТАРАТЕЛСТВО

Секој дом е универзитет, и секој родител е професор. – Махатма Ганди 

PDF


 
 


КВАНТИТАТИВНО ИСТРАЖУВАЊЕ - ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ - „МЕЃАШИ“


PDF 1.045kb



ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ ГО ДОБИ СЕРТИФИКАТОТ

ISO 9001:2008

ЗА СИСТЕМ ЗА КВАЛИТЕТ НА МЕНАЏМНЕТ


         

повеќе...



Оперативен/Оперативна директор/ка


Доколку верувате во активно граѓанство и промени, се стремите кон праведност, правичност, функционален систем кој работи во интерес на граѓаните, а пред се децата, имате ентузијазам и ги прифаќате професионалните предизивици, имате знаење и искуство со раководење и желба за нови предизвици, имате висок интегритет, одговорност и отчетност, прочитајте ги долунаведените критериуми за аплицирање за позицијата Оперативен/Оперативна директор/ка во Првата детска амбасада во светот Меѓаши.


Задачи/одговорности:

- Програмско, административно и материјално-финансиско работење на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.
- Раководење со оперативно/извршната канцеларија на Првата детска амбасада и обезбедување навремени и квалитетни услуги и активности за целната група.
- Спроведување на политиките на Детската амбасада Меѓаши со цел остварување на мисијата и програмските задачи.
- Претставување и застапување во насока на остварување на целите на организацијата, а со тоа и нејзината мисија.
- Планирање и следење на целокупниот работен процес (активности, работни задачи, материјално логистички потреби), операционализацијата на истите и динамиката на исполнување.
- Поддршка на оперативно/извршната канцеларија во одржување конструктивна комуникација и тимска работа, препознавање на посветеноста и потенцијалите на поединците од работниот тим на организацијата, применување мерки за мотивација и за санкционирање на членовите на оперативно/извршната канцеларија.
- Мониторирање и грижа за спроведувањето на активностите/програмите/проектите/ на организацијата кои се организираат согласно потребите на децата и младите;
- Обезбедување одржлив развој на организацијата и овозможување нови активности/содржини значајни за децата и младите.



ОГЛАС

за Координатор/ка на програмски и проектни активности 

 

Првата детска амбасада во светот Меѓаши бара луѓе со мотивација, енергија, креативност и подготвеност да ги прифатат нашите вредности: посветеност кон мисијата за поддршка и заштита на децата и развој на граѓанското општество, одговорност, личен интегритет, емпатија, помош на другите - особено децата...

 

Мисија на ПДАС Меѓаши

Првата детска амбасада во светот Меѓаши ги застапува и заштитува правата на децата , поттикнува одговорно родителство и почит на детската личност, го зајакнува граѓанското движење за правата на децата, детското учество и се залага за функционалност на институциите во најдобар интерес на детето. Меѓаши го промовира мировното образование , развивајки активно граѓанство засновано на принципот на ненасилство и ги негува раличностите и еднаквите можности за сите.

 

 

Задачи/одговорности на Координаторката/Координаторот:

Спроведување програмски и проектни активности на Детската амбасада МЕЃАШИ.

Подготвеност да работи максимално посветено на мисијата на Детската амбасада МЕЃАШИ. Потребно е да има лидерски вештини, професионалност и посветеност особено на детските права и маргинализирани заедници, одлични комуникациски вештини, работа под стрес и со куси временски рокови, транспарентност и тимска работа, посветеност кон организацијата и нејзините цели, отвореност, почитување и прифаќање на различностите.

Планирање/спроведување/учествување/менторирање на програмските активности на организацијата и активностите предвидени со проектите ,,Мировно образование“ , ,,Да ги земеме правата во наши раце“ и др. тековни проекти и активности.

Подготовка и поднесување описни и финансиски извештаи до донаторите. Редовно известување и информирање за работата пред раководниот тим на организацијата. Редовно контактирање и известување на донаторите. Мониторинг и евалуација на работата на проектите и сервисите за деца во рамките на програмските активности на организацијата.



Извештај за состојбата на правата на децата во РМ

Извештајот за состојбата на правата на децата во Република Македонија е подготвен од страна на Македонската национална коалиција на НВОи за правата на децата (неформална коалиција) која ја сочинуваат 14 граѓански здруженија и една коалиција на граѓански здруженија.

повеќе...

Во најновиот број на електронскиот информатор на Амбасадата БУШАВКО бр 42 (Декември 2011 - Мај 2012) можете да ги прочитате следните содржини:
1. 20 Години Прва детска амбасада во светот - Меѓаши 2. Педофилија 3. Семејно насилство 4. Деца на улица 5. Насилство меѓу младите 6. Мировно образование 7. Трговија со деца 8. СОС телефон за деца и млади 0800 1 2222 9. Од дом на свое 10. Политичка злоупотреба на деца 11. Мониторинг, застапување и лобирање 12. Одржливост и промоција

повеќе...

ИНТЕРВЈУ СО ДРАГИ ЗМИЈАНАЦ, ПРВИОТ ЧОВЕК НА ПРВАТА ДЕТСКАТА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ
Доживотен затвор и хемиска кастрација за педофилите! ВЕЧЕР вторник, 22 мај 2012 Бр. 14996 НОВИНАРИ Стефан Рашковски и Огнен Чанчаревиќ Драги Змијанац е на чело на Детската амбасада Меѓашии веќе неколку години и на себе го има преземено товарот да се бори за правата и заштитата на децата во Македонија. Со својот тим и скромните ресурси и законски алатки кои ги има на располагање успеа да ја смени свеста на јавноста во државата и да ги убеди и едуцира децата дека имаат свои права и дека секогаш има кој да ги заштити

повеќе...

Прес конференција по повод Извештајот за состојбата со правата на децата во Република Македонија
Денес, Македонската национална коалиција на невладини организации за правата на детето (неформална коалиција) , координирана од Првата детска амбасада во светот Меѓаши, во просториите на Првата детска амбасада во светот Меѓаши (ул.„Коста Новаковиќ“ 22а, Скопје) се организира прес конференција со цел да го презентира Извештајот за состојбата со правата на децата во Република Македонија подготвен од група на невладини организации кој се однесува на периодот од јуни 2010 до декември 2011 година.

повеќе...

Високите казни не можат да ги запрат педофилите
Скопје, 9 мај - Деновиве треба да профункционира регистар за педофили, кој треба на интернет да ги прикаже осудените педофили од Македонија. Министерството за труд и социјална политика подготви листа од седумдесетина педофили, кои граѓаните ќе можат да ги видат преку интернет, преку страницата: www.stop-pedofilija.org.mk. Таму ќе бидат објавени фотографии, имиња и презимиња на осудените педофили. На страницата , можат да се најдат поуки, совети и насоки за жртвите И за нивните родители.

повеќе...

ДЕТСКАТА АМБАСАДА МЕЃАШИ - 20 ГОДИНИ РАСТЕШЕ СО ДЕЦАТА
Децата нe препознаа и ни ја доверија потребата да ги заштитуваме и да ги застапуваме. Проговоривме јавно за многу проблеми со кои тие се соочуваат и ја издигнавме јавната свест за значењето и неопходноста од почитувањето на правата на детето На прославата беше презентиран документарниот филм „20 години прва детска амбасада во светот – Меѓаши“

повеќе...

Wholesale NFL/NHL/MLB/NBA/NCAA Jerseys for sale,where to buy cheap jerseys. 1