wholesale jerseys wholesale nfl jerseys cheap jerseys cheap nfl jerseys
cheap jerseys |  wholesale jerseys |  Wholesale jerseys |  Wholesale nfl jerseys |  cheap jerseys |  cheap jerseys wholesale |  Web SiteMap |  Cheap NFL Jerseys |  cheap nfl jerseys |  Web SiteMap |  Wholesale NHL Jerseys Online |  wholesale basketball jerseys |  wholesale baseball jerseys |  cheap hockey jerseys |  wholesale authentic nba jerseys |  replica jerseys from china |  cheap replica nba jerseys |  wholesale authentic nhl jerseys |  wholesale nfl jerseys |  wholesale nfl jerseys |  cheap nba jerseys wholesale |  discount baseball jerseys |  WebSiteMap |  replica jerseys |  WebSiteMap |  china replica jerseys |  hockey jerseys |  Bayern Munich Jerseys Black |  authentic nfl jerseys | 
МТСП - Wholesale NFL/NHL/MLB/NBA/NCAA Jerseys
Царовска го посети дневниот центар во Виница: Инклузијата на лицата со попреченост е наш врвен приоритет

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска со градоначалникот Ивица Димитров, денеска се сретна со корисниците и вработените во Дневниот центар за лица со ментална и телесна попреченост во Виница.

Царовска на роденденска прослава на дете од семејство засолнето во Шелтер центар во Кочани

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вчера попладнето го посети Засолништето за лица жртви на семејно насилство во Кочани, каде што беше на роденденска забава на едно од четирите малолетни деца кои се засолнети заедно со нивната мајка.

Царовска: Од септември почнува со работа Центарот за ран детски развој во Тркање, згрижувањето и воспитувањето бесплатно

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска со градоначалникот на Кочани Николчо Илијев го посетија Центрарот за ран детски развој во село Тркање. Центарот за ран детски развој чиј што капациетет е за околу 20 деца ќе почне да работи од први септември годинава и е во состав на детската градинка „Павлина Велјанова“.

Царовска: Продолжуваме да инвестираме во градинки, Кочани, Неготино, Кисела Вода и Кавадарци добија грант од Светска банка за нови објекти

Кочани, Неготино, Кисела Вода и Кавадарци се првите четири општини од вкупно 17 коишто ќе градат нови градинки со грант од Проект финансиран од Светска Банка, со кој се подобрува пристапот до услугите за згрижување и воспитание на деца.

МТСП: Градиме 43 нови објекти на градинки, вложуваме во раниот детски развој

Министерството за труд и социјална политика посветено работи на проширување на капацитетите на детските градинки во Република Северна Македонија и на подобрување на квалитетот на предучилишното образование. Во моментот се градат и опремуваат нови 8, а се подготвува изградбата на уште 35 објекти. Тоа се вкупно 43 нови објекти за градинки распоредени низ целата територија на државата.

Министерката Царовска ги презентираше можностите од Законот за практиканство на преставниците од Македонската банкарска асоцијација

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и преставници од министерството денеска имаа работен состанок со членовите на Македонската банкарска асоцијација

Царовска во посета на Дневниот центар во Кочани: Платите на стручните лица во социјална заштита зголемени за 22%

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вчера попладнето го посети Центарот за социјални работи во Кочани како и Дневниот центар за лица со интелектуална и телесна попреченост. Министерката се сретна со вработените во центарот , но и со корисниците на услугите во дневниот центар со кои разговараше за социјалната реформа и за унапредување на правата на лица со попреченост.

Царовска: Продолжуваме со деинституционализацијата, Корешница стана нов дом на три лица од Заводот Демир Капија

Во демиркапиското село Корешница, денеска започна со работа нов групен дом за три лица со интелектуална попреченост,коишто досега беа сместени во Специјалниот завод Демир Капија.

36 лица со телесна попреченост добија ортопедски помагала

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска присуствуваше на доделувањето на ортопетски помагала на лица со телесна попреченост со кои подвижноста и мобилноста ќе им се подобри и зголеми.

Холандската влада со финансиска поддршка за имплементација на Истанбулската конвенција

Холандската влада обезбедува финансиска поддршка за реализација на активности во рамки на Националниот акциски план за спроведување на Истанбулската конвенција. Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и В.Д. амбасадорот на Кралството Холандија во Република Северна Македонија Андри ван Менс денеска потпишаа договор кој обезбедува поддршка во висина до 9,144,300 денари.

МТСП: Европските експерти со позитивно мислење за процесот на подготовка на новиот закон за работни односи

Новиот закон за работни односи којшто е во фаза на подготовка, обезбедува добра основа за соодветно регулирање на односите на современиот пазар на труд. Истовремено ги содржи, и поголемиот дел од директивити на ЕУ и останатите релевантни стандарди на трудот. Ова е генреалното мислење на експертката мисија „TAIEX“, на којашто Министерството за труд и социјална политика беше домаќин во периодот од 22 до 26 јули годинава.

Настани/најави/соопштенија

21.8.2019

Царовска го посети дневниот центар во Виница: Инклузијата на лицата со попреченост е наш врвен приоритет 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска со градоначалникот Ивица Димитров, денеска се сретна со корисниците и вработените во Дневниот центар за лица со ментална и телесна попреченост во Виница. Министерката Царовска истакна дека дневните центри коишто функционираат во повеќе градови низ државата се многу важни за вклучувањето и активно учество на лицата со попреченост во општеството.

Повеќе

21.8.2019

Царовска на роденденска прослава на дете од семејство засолнето во Шелтер центар во Кочани

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вчера попладнето го посети Засолништето за лица жртви на семејно насилство во Кочани,  каде што беше на роденденска забава на едно од четирите малолетни деца кои се засолнети заедно со нивната мајка. Од страна на стручниот тим, министерката детално беше информирана за овој случај на семејно насилство, како и за процедурите и постапките за истиот.

 

Повеќе

20.8.2019

Царовска: Од септември почнува со работа Центарот за ран детски развој во Тркање, згрижувањето и воспитувањето бесплатно

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска со градоначалникот на Кочани Николчо Илијев го посетија Центрарот за ран детски развој во село Тркање. Центарот за ран детски развој чиј што капациетет е за околу 20 деца ќе почне да работи од први септември годинава и е во состав на детската градинка „Павлина Велјанова“. Згрижувањето и воспитувањето на децата во Центарот е бесплатно и ќе се реализира по три часа секој работен ден.

 

Повеќе

16.8.2019

Царовска: Продолжуваме да инвестираме во градинки, Кочани, Неготино, Кисела Вода и Кавадарци добија грант од Светска банка за нови објекти

Кочани, Неготино, Кисела Вода и Кавадарци се првите четири општини од вкупно 17 коишто ќе градат нови градинки со грант од Проект финансиран од Светска Банка, со кој се подобрува пристапот до услугите за згрижување и воспитание на деца. Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалниците Николчо Илијев, Тони Делков, Филип Темелковски и Тодор Ефремов, овластен преставник на градоначалникот Митко Јанчев, денеска ги потпишаа договори за грантот чија вкупна вредност само за градежните работи на четирите објети изнесува 220.700.000,00 денари. Вкупниот капацитет на градинките е 552 деца, и се очекува да бидат изградени и опремени до средината на 2021 година.

Повеќе

9.8.2019

МТСП:Прогласена портокалова фаза- се препорачува ослободување од работа на бремените жени и постарите лица

По прогласувањето на портокалова фаза на територијата на цела држава до 14 август годинава, поради топлотен бран, Министерството за труд и социјална политика ги повикува правните субјекти да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство донесени врз основа на заклучоците на Комисијата за следење на ефектите од високите температури. Согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови Министерството за здравство препорачува ослободување од работните обврски на најранливите групи население, како што се – бремените жени и лицата на возраст над 60 години.

 

Повеќе

МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека се врши исплата на долунаведените права за месец Јули 2019 година.

Повеќе

7.8.2019

МТСП: Градиме 43 нови објекти на градинки, вложуваме во раниот детски развој

Министерството за труд и социјална политика посветено работи на проширување на капацитетите на детските градинки во Република Северна Македонија и на подобрување на квалитетот на предучилишното образование. Во моментот се градат и опремуваат нови 8, а се подготвува изградбата на уште 35 објекти. Тоа се вкупно 43 нови објекти за градинки распоредени низ целата територија на државата.

 

Повеќе

1.8.2019

Министерката Царовска ги презентираше можностите од Законот за практиканство на преставниците од Македонската банкарска асоцијација 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и преставници од министерството денеска имаа работен состанок со членовите на Македонската банкарска асоцијација. На состанокот пред банкарите беше презентиран новиот Закон за практиканство којшто е на сила од крајот на минатата година и можноста за негова примена во банкарскиот сектор.

 

Повеќе

31.7.2019

Царовска во посета на Дневниот центар во Кочани: Платите на стручните лица во социјална заштита зголемени за 22%

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вчера попладнето го посети Центарот за социјални работи во Кочани како и Дневниот центар за лица со интелектуална и телесна попреченост. Министерката се сретна со вработените во центарот , но и со корисниците на услугите во дневниот центар со кои разговараше за социјалната реформа и за унапредување на правата на лица со попреченост.

Повеќе

31.7.2019

Царовска: Продолжуваме со деинституционализацијата, Корешница стана нов дом на три лица од Заводот Демир Капија

Во демиркапиското село Корешница, денеска започна со работа нов групен дом за три лица со интелектуална попреченост,коишто досега беа сместени во Специјалниот завод Демир Капија. 

Повеќе

31.7.2019

36 лица со телесна попреченост добија ортопедски помагала

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска присуствуваше на доделувањето на ортопетски помагала на лица со телесна попреченост со кои подвижноста и мобилноста ќе им се подобри и зголеми.

Повеќе

29.7.2019

Холандската влада со финансиска поддршка за имплементација на Истанбулската конвенција

Холандската влада обезбедува финансиска поддршка за реализација на активности во рамки на Националниот акциски план за спроведување на Истанбулската конвенција. Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и В.Д. амбасадорот на Кралството Холандија во Република Северна Македонија Андри ван Менс денеска потпишаа договор кој обезбедува поддршка во висина до 9,144,300 денари.

Повеќе

27.7.2019

МТСП: Европските експерти со позитивно мислење за процесот на подготовка на новиот закон за работни односи

Новиот закон за работни односи којшто е во фаза на подготовка, обезбедува добра основа за соодветно регулирање на односите на современиот пазар на труд. Истовремено ги содржи, и поголемиот дел од директивити на ЕУ и останатите релевантни стандарди на трудот. Ова е генреалното мислење на експертката мисија „TAIEX“, на којашто Министерството за труд и социјална политика беше домаќин во периодот од 22 до 26 јули годинава.

 

Повеќе

24.7.2019

Социјалните работници ќе добиваат плата повисока за 4.316 денари

Денеска во Клуб на пратеници министерката за труд и социјална политика Мила Царовска се сретна со вработените од областа на социјалната заштита.

 

Повеќе

23.7.2019

Царовска: Вработените во градинките добиваат за 16% повисоки плати, ова е најголемо покачување досега

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска се сретна со вработените од градинките во Клуб на пратеници, кадешто беше презентиран новиот систем за плати

Повеќе

16.7.2019

МТСП: Обезбедуваме топол дом за секое дете, вработените од „Мајчин дом“ Битола се подготвуваат за целосна трансформација на институцијата

Вработените од Домот за доенчиња „Мајчин дом“ Битола се подготвуваат за целосна трансформација на институцијата. Денеска и утре учествуваат на обука која што треба да заврши на есен. Целта е да се подготви пероналот за престојните промени, кои се дел од преминувањето од згрижување во институција кон давање на услуги во заедницата на доенчињата и децата кои ќе бидат деинституционализирани.

 

Повеќе

15.7.2019

МТСП: Вложуваме во младите, создаваме услови за напредок и развој на вештини

На денешниот Светски ден на вештините на младите МТСП ги потврдува заложбите за подобрување на условите за професионален развој на младите и намалување на младинската невработеност во државата.

 

Повеќе

12.7.2019

Царовска во посета на првите лица коишто излегоа од Бања Банско: Продолжува процесот на деинституционализација  

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ги посети првите деинституционализирани лица од ЈУ Завод за рехабилитација „Бања Банско“, институција за згрижување лица со физичка попреченост. Парот, Фанка Динова и Јонче Гогов, од април годинава ја напуштија установата и се преселија во семејната куќа на Фанка, во гевгелиското село Миравци. Обајцата претходно беа сместени во Заводот уште како деца и во него поминале повеќе од триесет години. 

Повеќе

10.7.2019

Министрите Филипче и Царовска на одбележување на Светскиот ден на население: Родовата еднаквост, како една од развојните цели на ОН, е клучна алатка за напредок на општеството

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска учествуваа на одбележувањето на Светскиот ден на населението, преку дискусија на тема „Обмислени лидерски разговори за Меѓународна конференција за население и развој (ICPD) - Што се променило во последните 25 години?“, во организација на Фондот за население на Обединетите нации - УНФПА.

Повеќе

10.7.2019

Царовска: Со иновативно решение обезбедуваме храна за три пати повеќе граѓани во социјален ризик од претходно

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска со преставници од Здружението „Сите сити - Ајде Македонија” и Црвен Крст денеска го посети прифатниот пункт за бездомници во Момин поток, кадешто околу 50 лица изминатиот период добиваат топол оброк преку иновативното решение на „Сите сити - Ајде Македонија”.

Повеќе

9.7.2019

МТСП: Бесплатен одмор во Струга за 700 деца од семејства во социјален ризик

Околу 700 деца и нивни придружници од семејства во социјален ризик од цела држава, од минатата недела до крајот на летото во пет смени ќе престојуваат на летен одмор во Струга. Одморот се реализира со поддшка од Министерството за труд и социјална политика и Црвен крст, а сместувањето е во одморалиштето „Мајски цвет“.

Повеќе

5.7.2019

МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека се врши исплата на долунаведените права за месец јуни 2019 година

Повеќе

7.5.2019

Изложба на фотографии на децата од малите групни домови 

Вчера се одржа фотографска продажна изложба “Nos Creare” на децата од малите групни домови во Национална галерија - Чифте Амам, Скопје. На изложбата присуствуваа, министерката за труд и социјална полиика Мила Царовска, министерот за образование Арбар Адеми, како и преставници од меѓународните организации, амбасадите и граѓанскиот сектор.

Повеќе

5.7.2019

Царовска во работна посета на Кичево: Со социјалната реформа овозможуваме подобар живот за нашите најранливи граѓани

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вчера беше во работна посета на Општина Кичево. Министерката се сретна со градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари со кого разговараа за повеќе прашања од социјалната заштита на локално ниво.

Повеќе

1.7.2019

Министерката Царовска на работен состанок со Сојузот на пензионери: Пензиите се стабилни и продолжуваат да растат 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска одржа работна средба со претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова и други преставници и членови на Извршниот одбор на Сојузот.

Повеќе

Медиумски активности

Политика за квалитет 

Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија е институција специјализирана за регулирање на пазарот на трудот, социјалната заштита, детската заштита, пензиско и инвалидско осигурување и боречко-инвалидска заштита.

             

Во прилог ја доставуваме политиката на квалитет на Министерството за труд и социјална политика, согласно барањата на меѓународниот стандард  ISO 9001:2015.

Празници/неработни денови

28 август 2019 година, Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07), 28 август 2019 година (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)е неработен ден за граѓаните од православна верисповед во Република Северна Македонија. 

Повеќе

Повици/ огласи

ПОВИК за ангажирање на координатор на активностите при Јавна установа за згрижување деца – “Ранка Милановиќ”

ХОПС во соработка со Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ објавува:

ПОВИК за ангажирање на лице кое ќе ги координира активностите при Јавна установа за згрижување деца – Служба за заедничко живеење на деца со нарушено поведение, Скопје

Цел: Обезбедување и спроведување на активности за група на високо ранливи деца со комплексни емоционални потреби со цел да се рехабилитираат, ресоцијализираат и реинтегрираат во општеството.

Лицето ќе ја координира: Работата со надворешните партнери и институции и ќе овозможува и настојува на тимско работење и координација помеѓу вработените во Ранка Милановиќ.

ПОВИК

Почитувани,

Дозволете да Ве информираме за отворените можности и позиции во рамки на проектот “Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги” кој е спроведуван од страна на ЕПТИСА, со поддршка од Делегација на Европската унија , достапни на овој линк - http://www.eptisasee.com/non-key-experts-required-for-the-…/

Во таа насока, би сакале да Ве охрабриме да ја поднесете Вашата апликација, но и да ја пренесете можноста до лица за кои сметате дека се соодветен профил за отворените експертски позиции.

Поднесените пријави ќе бидат благовремено известени за изборот.

Известување заполагање стручен испит за безбедност при работа

Министерството за труд и социјална политика ги информира кандидатите кои треба да полагаат стручен испит за безбедност при работа, дека испитот е закажан на следниве термини:

  • 05.09.2019 година - Испит за проверка на теоретското знаење на кандидатите (теоретски дел), од 11:00 до 13:00 часот и 
  • 26.09.2019 година - Испит за проверка на практичната способност на кандидатите (практичен дел), од 11:00 до 13:00 часот. 

Повеќе

Повик за јавна расправа  за изградба на градинки во Општините Неготино, Кисела Вода и Кочани 

Јавен повик

Министерство за труд и социјална политика  објавува Повик за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за време на летниот распуст 2019 година.

Повеќе информации овде

ЈАВЕН ПОВИК - МЕНТОРСКА ПРОГРАМА

Министерството за труд и социјална политика и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, спроведуваат проектна активност за поттикнување на професионалниот развој и лидерство на жените во јавниот сектор, во вид на Менторска програма, наменета за жени во редовен работен однос во државните институции во земјата. Менторската програма има за цел да ги зголеми можностите за личен и професионален развој на жените вработени во јавниот сектор преку создавање на концепт на меѓусебна поддршка и јакнење, споделување на знаења и искуства, како и јакнење на солидарноста и вмрежување помеѓу жените.

Повик за пријавување на кандидатки за учество во Менторска програма за жени во јавниот сектор 

Повик за пријавување на жени за учество во Менторска програма за жени во јавниот сектор 

Повик за пријавување на менторки за учество во Менторска програма за жени во јавниот сектор 

ЈАВЕН ОГЛАС

Министерството за труд и социјална политика објавува оглас за номинација на тројца кандидати за член во GREVIO- Group of experts on Action against violence against Women and domestic Violence. GREVIO е независно експертско тело одговорно за мониторинг и имплементација на Истанбулската конвенција. Членовите ги номинира Владата на Република Македонија со доставување на три номинации до GREVIO за кандидати кои ги исполнуваат потребните критериуми. GREVIO на седницата во април 2019 година ќе ги разгледа доставените номинации и ќе избере еден член на телото со мандат од 4 години. Новоизбраниот член ќе започне со работа од 1 јуни 2019 година. 

Повеќе

Јавен оглас

Министерството за труд и социјална политика и Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје ќе отпочнат со спроведување на нова Програма за подобрување на квалитетотот на раното учење и развој во установите за згрижување и воспитание на децата. 

За таа цел објавуваме ОГЛАС за ангажирање на 30 „Воспитувачи/ки за колегијална поддршка“.  

Министерството за труд и социјална политика ги поттикнува сите вработени (воспитувачи/ки, педагози) од установите за згрижување и воспитание на деца – детски градинки кои ги исполнуваат наведените услови во огласот и се заинтересирани да аплицираат. 

                                                                 ИЗВЕСТУВАЊЕ

списокот за лица корисници на услугата за Бањско климатска рекерација на корисници на пензија за 2019 година ( АЛБ )

Повик

Управата за водење на матичните книги и Министерство за труд и социјална политика објавува

Повик за прибирање на податоци за лица-нерегистрирани во матична книга на родени  

(македонски јазик) (ромски јазик)  (турски јазик) (албански јазик)

Јавен оглас

за финансирање на проекти за изградба, доградба, адаптација и опремување на  објекти за проширување на капацитетите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст со средства од Буџетот на Министерството за труд и социјална политика за 2018 година

Решение

Решение за утврдување на критериумите и методологија за рангирање и избор на општини за кои ќе се обезбеди финансирање со средства од Буџетот на Министерството за труд и социјална политика за 2018 година за проширување на капацитетите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст

Повик за условен паричен надоместок

Министерството за труд и социјална политика ги известува корисниците на социјална парична помош во чии што домаќинства има членови кои што се редовни ученици во средно образование дека започнува поднесувањето на барањата за вклучување во Програмата за условен паричен надоместок за средно образование за учебната 2018/2019 година. Износот на Условениот паричен надоместок е 12.000,00 МКД на годишно ниво и овие средства се исплаќаат на мајката на ученикот.

Повеќе
Wholesale NFL/NHL/MLB/NBA/NCAA Jerseys for sale,where to buy cheap jerseys. 1